Фатмир Дехари, градоначалник на Општина Кичево: Ќе има инвестиции и од државата и од странство (видео)

Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк зборуваше за предизвиците за реализација на проектите предвидени во Општината. Исто така, говореше и за инвестициите од странство и од државата, парите за самовработување на младите, депониите и термоцентралата Осломеј, проектот за ревитализација на калето во Кичево, рекреативните центри, водоводот, буџетот за култура и транспарентноста на Општината

Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк зборуваше за предизвиците за реализација на проектите предвидени во Општината. Исто така, говореше и за инвестициите од странство и од државата, парите за самовработување на младите, депониите и термоцентралата Осломеј, проектот за ревитализација на калето во Кичево, рекреативните центри, водоводот, буџетот за култура и транспарентноста на Општината

 

Дехари тврди дека на 20 јуни 2018  година ќе ја пуштат во употреба филтер станицата за отпадните води, капитална инвестиција што изнесува до 9 милиони евра изградена со средства на Европската Унија и Општина Кичево.

Тој вели дека има заинтересирани за инвестицирање во Кичево и спомнува инвеститори подготвени да отворат фабрика за прозорци и врати. До крајот на јуни Дехари вели дека ќе се отвори и оддел на фабрика за производство на воздушни перничиња и безбедносни клучеви за коли, со 600 до 1.000 вработени, а ветува и изградба на уште две фабрики: една за пелети за греење и уште една инвестиција од Германија, без да потенцира конкретно за што се работи.

Градоначалникот на Кичево изјави дека е во тек на подготовка планот за доделување на 50 илјади евра за самовработување на младите, а додава и дека ќе се стимулираат приватните компании.

За термоцентралата Осломеј, која работи без филтри, изјави дека имал контакти со Министерството за економија и дека има проект за модернизација на термоцентралата, но нема информации кога ќе може истиот да се аплицира.

Дехари вели дека е во завршна фаза проектот за ревитализација на Калето и дека до крајот на годината ќе биде распишана јавна набавка, а веќе следната година „Калето ќе има друг изглед”.

Кога станува збор за рекреативните центри, тој смета дека не се доволни само полигоните во Зајас, но и дека нема да градат нови, зашто, според него, не претставуваат приоритет.

Дехари рече дека околу 60 илјади евра ќе им бидат доделени како поддршка на спортските клубови.

Во однос на инвестициите во водоводни мрежи тој истакнува дека за три месеци ќе заврши работата во село Големо Дрогомиште. Во втората година на неговиот мандат ќе испитуваат алтернативни извори како можност за снабдување со вода за пиење. Во градот ќе биде изградена секундарната мрежа и главните цевки и за помалку од две години ќе има вода за пиење за сите. Дехари изјави дека нема да се казнат тие што ја злоупотребуваат водата, но ќе работи на подигање на свеста таа да не троши бесцелно.

Според него, буџетот за култура во општината не е подигнат за 100 илјади евра, бидејќи самите уметници се согласиле со стариот буџет.

Кога станува збор за долгот на општината, тој тврди дека е под 4 милион евра.

На крјаот Дехари изјави и дека ќе биде обновена веб-страницата на Општината со цел да се објават контакт информациите на управителите со секторите во Општината и додава дека ќе се објават сите проекти заедно со трошоците.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција