Граѓаните можат да присуствуваат на собраниски седници

Фото: sobranie.mk

Собранието широко ќе ги отвори вратите кон граѓаните кои го бараат. Но, не само за организирани посети – туку и за учество во вистинската дебата.
Ќе иницираме деловничка обврска за сите комисии да овозможат учество на заинтересираните субјекти (невладини организации,синдикати, комори и слично) во дебата за генералните политики стратегии и клучни закони. Истата можност ќе биде дадена и во текот на надзоните расправи.(„План за живот во Македонија“ (стр.27) – изборна програма на СДСМ за парламентарни избори декември 2016 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветување на СДСМ кое е содржано во „Планот за живот во Македонија“- Изборна програма за парламентарните избори во 2016 година (стр 27,   поглавје „1.2 .Контрола над власта“, дел „Силно Собрание моќни граѓани“), е реализирано  преку отворање на нов прозорец на  веб – страницата  на Собранието на РМ нареченОТВОРЕН ПАРЛАМЕНТ“.

Ова за „Вистиномер“ го потврдија портпаролите на Собранието  и на Владата на РМ, Вјолца Арифи  и Миле Бошњаковски.

Собранието отвори нова алатка во рамки на веб-страницата наречена „ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ“ во кој им се дава можност на граѓаните и граѓанските организации да побараат присуство на пленарна седница на Собранието. Досега беа организирани два настани на граѓански организации во Собранието – велат портпаролите.

Ветувањето на СДСМ за отвореност на Собранието за граѓаните, како проект „Е- Прозорец“ и „Средби“ со пратеници го спомена и претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери во отчетот за првите 100 дена од неговиот избор.

Во контекст на отвореноста на Парламентот ќе додадам дека е во тек активирање на нова алатка наречена е Прозорец што им овозможува на граѓаните да можат да се пријават за присуство на пленарна седница. Исто така додадена е нова алатка преку која ќе можете да се запознаете посебно со активностите на пратениците означена под името „Средби“ – рече Џафери за време на презентацијата на отчетот. ( 27 јули 2017 година Сто дена од изборот на Талат Џефери за претседател на Собранието).

Истиот проект се споменува и во фактографските белешки за остварувањето на „Планот 3.6.9“ од 15 ноември каде што стои:

Во насока на отворање на Собранието за невладиниот сектор, беше домаќин на 2 настана организирани со граѓански организации. Во тек е активирање на нова алатка, наречена „е-Прозорец“ што ќе им овозможува на граѓаните да се пријават за присуство на пленарните седници. Исто така додадена е нова алатка преку која граѓаните ќе може да се запознаат посебно со активностите на пратениците означена со името „Средби”, стои на страница 5 од Фактографски преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во „Планот 3-6-9“, од 15 ноември 2017 година.

На веб – страницата на Собранието на РМ  постои посебен прозорец наречен „ОТВОРЕН ПАРЛАМЕНТ“  кој има опција – посета на пленарна седница на Собранието на Република  каде што стои :

Со пополнување на податоците во оваа форма се пријавувате за посета на пленарна седница на Собранието на Република Македонија. Ќе присуствувате на едно од продолженијата на пленарните седници. Посетата не може да биде подолга од еден час.

Имајќи го предвид  сето ова, може да се каже дека ветувањето на СДСМ за „отворање на Парламентот за граѓаните“ е исполнето.

 

ИЗБОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција