Грција сепак не е европски шампион за Ковид-19

Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Според бројката на извршени тестирања за новиот корона вирус, Грција не е на првото место во регионот и во Европа, пишува грчкиот портал за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr, оспорувајќи ги тврдења дека Грција има најмногу извршени тестирања.

Спорното тврдење се фаќа за изјавата на заменик-министерот за здравство на Грција, Василис Кодозаманис за грчката државна телевизија ЕРТ, дека наводно некоја научна студија утврдила дека Грција е на врвот според направени тестови по дијагностицирано лице со Ковид-19.

Тој не дал друга поткрепа на таквото тврдење, освен споменување на научна студија, ама наскоро во некои медиуми на грчки јазик се појавил и инфографик за слична содржина, кој ја става Грција на првото место според бројот на тестирани и бројот на заболени.

Всушност, податоците се земени на 5 мај од иницијативата Our World In Data, но бидејќи податоците на таа листа не ги опфаќаат сите земји од Европа, неосновано се тврди дека Грција предничи на листата, пишува еllinikahoaxes.gr.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција