Груевски: Што „призна“ Заев, а што му се слушнало на Груевски во врска со „признанието“

Премиерот Никола Груевски пред медиумите. Фото: видео клип скриншот

Во средата, на 4 март 2015 година, премиерот Никола Груевски се осврна на настапот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Телевизија Телма, истакнувајќи дека опозицискиот лидер изјавил оти е нормално тоа што семејството Верушевски комуницирало со криптирани пораки. Но, дали е тоа така и што точно кажа Заев.

Премиерот Никола Груевски пред медиумите. Фото: видео клип скриншот
Премиерот Никола Груевски пред медиумите. Фото: видео клип скриншот

Тезите на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека не е важно кој го вршел прислушувањето туку дека е важна содржината на разговорите, како и оти е нормално едно семејство да се допишува со криптирани пораки се искривени тези кои покажуваат дека тој е на тенок мраз и оти со нив се разобличува и се заплеткува во интригите со кои сам се заплеткал, смета премиерот Никола Груевски.

Забележавме дека Заев мртов ладен призна дека било нормално во семејството да се допишуваат со шифрирани пораки наместо со букви, зборови, туку со бројки. Тоа го говори за човекот за којшто до пред некое време тврдеше дека не го познава, дека нема контакти со него, а сега веќе знае како тој и жена му се допишувале и тоа  го смета за сосема нормална работа и го оправдува пред јавноста, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на решенијата за вработување на деца без родители по Програмата Д-10.

[Датум:04.03.2015, Извор: Сител, видео, транскрипт]

 

Образложение:

Од друга страна, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто на телевизија Телма рече дека пораките ги дознал од телевизија. Тоа не значи дека тој вели оти е нормално во семејството да се допишуваат со шифрирани пораки, како што премиерот.

Заев: Не сум ги видел јас ваквите пораки за нивната автентичност да ја потврдам.

Новинар: Тоа се оние пораки кои ги имаше деновиве по телевизиите

Заев: Не, не, не. Не сум ги видел меѓу нив во комуникација. Ги видов на телевизиите, но за да ги потврдам како автентични требало да ги видам меѓу сопругата на Зоран Верушевски и синот на Верушевски, така разбрав дека се прачани, за да ги потврдам дека тоа е така.

(од 01.14 до 01.36 во видео клипот)

Заев во разговорот, а и во парчето снимка кое се појави веднаш после интервјуто, се слуша и како потврдува само дека купил компјутер за синот на Зоран Верушевски поради тоа што сакал да помогне на семејство, кое се одважило да го разобличи криминалот на власта.

 

Линкови:

Телма: Интервју со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, [Пристапено 05.03.2015] https://www.youtube.com/watch?v=2dESWPydcFg

Груевски: Колку повеќе Заев излегува на телевизија толку повеќе се разобличува себе си и лагите, [Пристапено 05.03.2015], http://www.sitel.com.mk/gruevski-kolku-povekje-zaev-izleguva-na-televizija-tolku-povekje-se-razoblichuva-sebe-si-i-lagite

Груевски: Заев секојдневно се заплеткува во своите интриги, [Пристапено 05.03.2015], http://www.sitel.com.mk/gruevski-zaev-sekojdnevno-se-zapletkuva-vo-svoite-intrigi

 

Оценил: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција