Груевски: Видеото со Заев дел од ПИМ мерки! ВМРО-ДПМНЕ: Кој го снимил видеото?

 

Gruevski - na pres-002
Премиерот Никола Груевски на прес конференција и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прес-конференцијата одржана во Владата на РМ, на 25.02.2015 година, премиерот Никола Груевски, говорејќи за аферата „Пуч“, одговори и на прашањето: „Дали во неговата канцеларија постојано се снима?“.

Одговорот е НЕ. Никогаш не се снимало ниту ќе се снима, освен доколку, како во случајот обвинителството не издаде таква наредба, а по претходна оправдана пријава, и заради што беше монтирана, а потоа демонтирана опрема за снимање во мојата канцеларија, истакна премиерот.

[Датум: 25.02.2015 Извор: Курир]

Еве го делот од неговата изјава и во видео формат од 7:19 минута до 7:42 минута.

[Датум: 25.02.2015 Извор: Јутјуб]

 

Образложение:

На оваа прес-конференција, премиерот Груевски потврди дека видеото од снимениот разговор меѓу него и опозицискиот лидер Зоран Заев, снимено во неговиот кабинет, било направено по негова пријава во надлежните институции, по што Обвинителството издало наредба за т.н. ПИМ мерки, во кои влегувало снимањето на разговорот, а потоа и останатите разговори на средбите со Заев.

Како би постапил секој од Вас во таква ситуација? Јас постапив на начин што случајот уредно го пријавив во надлежните институции, по што обвинителството издаде наредба за т.н. ПИМ мерки, во кои влегуваше снимање на разговорот, а потоа и останатите разговори на средбите со Зоран Заев.

[Датум 25.02.2015 Извор: Влада]

Еве го делот од неговата изјава и во видео формат од 3:07 минута до 3:30 минута.

 

[Датум 25.02.2015 Извор:  Јутјуб]

Сето ова се однесува на снимката од кабинетот на премиерот, на која може да се слушне како Груевски и Заев разговараат за снимените материјали со кои располага опозицискиот лидер. Видеото беше објавено на каналот Јутјуб.

[Датум: 02.02.2015 Извор: Јутјуб]

По неговото појавување и пренесување во медиумите, со реакција се јави владеачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј што лидер е токму Никола Груевски, барајќи надлежните институции да откријат од каде е снимката.

ВМРО – ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да откријат од каде се снимките   NetPressЕве го соопштението објавено порталот Нетпрес, како што е објавено и во другите медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор, стои во соопштението што вечерва го испрати оваа партија.

[Датум: 02.02.2015 Извор: Нетпрес]

Од сето ова следи заклучок дека ВМРО-ДПМНЕ веќе знаела од каде се снимките, и дека партијата непотребно се јавувала со реакција и загриженост за тоа кој ги направил снимките и дали истите требале да се објават.

 

Линкови:

Курир: Груевски: Освен случајот со Заев, никогаш не се снимало ниту ќе се снима во мојата канцеларија (Пристапено: 26.02.2015) http://kurir.mk/makedonija/vesti/191010-Gruevski-Osven-slucajot-so-Zaev-nikogas-ne-se-snimalo-nitu-ke-se-snima-vo-mojata-kancelarija

Јутјуб: Прес-конференција на премиерот Никола Груевски 25.02.2015 (Пристапено: 25.02.2015) https://www.youtube.com/watch?v=_zsHLjYxfds

Јутјуб: Како Грујо неовластено снима?! (Пристапено: 26.02.2015) https://www.youtube.com/watch?v=Fj_y4fO7dIE

Влада: Прес-конференција на премиерот Никола Груевски (Пристапено: 26.02.2015) http://vlada.mk/?q=node%2F10216&language=mk

Нетпрес: ВМРО – ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да откријат од каде се снимките (Пристапено: 26.02.2015) http://netpress.com.mk/vmro-dpmne-gi-povikuva-nadlezhnite-institucii-da-otkrijat-od-kade-se-snimkite/

 

Оцени: Ана Анастасовска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција