Груевски: Во транспарентна судска постапка треба да се утврдат фактите

Премиерот Никола Груевски на вонредната прес конференција во Владата на РМ

 

Премиерот Никола Груевски на вонредната прес конференција во Владата на РМ
Премиерот Никола Груевски на вонредната прес конференција во Владата на РМ

 

На прес-конференцијата одржана во Владата на РМ, на 25.02.2015 година, премиерот Никола Груевски, говорејќи за аферата „Пуч“, во два наврати изјави и посочи дека сите факти и околности во врска со овој случај ќе се утврдат во транспарентна судска постапка.

Јас не сум човек кој функционира под закани и уцени, тоа е неприфатливо кон граѓаните и кон државата да калкулирам за националните и државните интереси. Сите факти и околности треба, и верувам ќе се утврдат низ транспарентната и објективна постапка – изјави Груевски.

[Датум 25.02.2015 Извор: Влада]

Во контекст на ова сакам да потенцирам дека за овој случај никој не треба да брза со било какви одлуки и заклучоци. Во постапката, која што како што кажав и претходно треба да биде транспарентна, ќе се покаже се. Никој не треба однапред да биде суден, без да се знаат деталите и околностите за овие креирани материјали и не се утврди вистината низ судска постапка – изјави Груевски.

[Датум 25.02.2015 Извор: Влада]

 

Образложение:

Оваа изјава на премиерот Груевски е неточна, бидејќи сите судски постапки во кои се користени ПИМ мерки се тајни во делот каде што се изведуваат докази и во делот на исказите и завршните зборови на обвинетите, бидејќи во својот исказ може да споменат или откријат документи кои се класифицирани од доверливо до државна тајна. Поради тоа, сите факти и околности, како што спомнува Груевски, не можат да се утврдат низ транспарентна постапка.

Законот за кривична постапка пропишува дека сите податоци што се однесуваат или произлегуваат од примената на посебните истражни мерки се класифицирани како службена тајна.

Лице кое на кој и да било начин дознае податоци што се однесуваат или произлегуваат од примената на посебните истражни мерки е должно да ги чува како службена тајна  – се наведува во Член 264 од Законот за Кривична постапка.

 

Линкови:

Влада: Прес-конференција на премиерот Никола Груевски (Пристапено: 27.02.2015)  https://www.facebook.com/video.php?v=10153072731997716&theater

Закон за Кривична постапка (Пристапено: 27.02.2015) http://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakonot-za-krivichnata-postapka-17-11-2010.pdf

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција