Хероите од Чернобилската несреќа преживеале после завршувањето на мисијата
Наспроти изнесеното во објавата, Алексеј Ананенко, Валери Безпалов и Борис Баранов кои што влегоа во подрумот да ги отворат вентилите за вода во Чернобил во 1986 година, сите тројца го доживеаа следниот 21 век. Борис Баранов почина од срцев удар во 2005 година на возраст од 64 години.Валери Беспалов во 2021 година работел во ЕнергоАтом, државно претпријатие во Киев што претставува спротивен факт на изнесениот во објавата што ја рецензираме дека тој загинал поради радиоактивно зрачење. А Алексеј Ананенко последен пат се споменува во медиумските известувања во 2024 година, иако претходно во 2019 година има давано интервјуа со физичко присуство на новинари кои биле да го посетат во Украина. Тоа покажува дека сите тројца преживеале во 1986.
Наспроти изнесеното во објавата, Алексеј Ананенко, Валери Безпалов и Борис Баранов кои што влегоа во подрумот да ги отворат вентилите за вода во Чернобил во 1986 година – сите тројца го доживеjаа следниот 21 век. Борис Баранов почина од срцев удар во 2005 година на возраст од 64 години. Валери Беспалов во 2021 година работел во ЕнергоАтом, државно претпријатие во Киев, што претставува спротивен факт на изнесениот во објавата што ја рецензираме дека тој загинал поради радиоактивно зрачење. А Алексеј Ананенко последен пат се споменува во медиумските известувања во 2024 година, иако претходно во 2019 година има давано интервјуа со физичко присуство на новинари кои биле да го посетат во Украина. Значи сите тројца преживеале во 1986 г.
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Херојството на овие тројца ЛУЃЕ ја спаси Европа во 1986 година од Катастрофата во Чернобил. Тие доброволно се нурнаа во подрумот на реакторите исполнети со супа со радиоактивна вода под растопеното јадро на реакторот, што тивко гореше над нив, за да ги отворат вентилите за вода и да истече од поплавениот подрум со цел радиоактивната магма што се топеше над водата избегне допир со водата и да се избегне верижна реакција и експлозија што би збришала половина од Европа од радијација. Овие тројца херои сега се мртви од радиоактивното зрачење, откако се одважија да ја завршат најважната животна мисија што ја имаа, заедно со другите кои починаа чистејќи радио активни материјали, без скоро никаква заштита. Тие се познати како „Одреди за самоубиства“ во Чернобил, од хумана причина, јас би ја нарекол величенствена. Алексеј Ананенко, Валери Безпалов и Борис Баранов. Почит за овие 3-ца Херои!
И од оваа медиумска куќа биле да го интервјуираат Алексеј Ананенко.
Работа ни беше тоа, изјавил за „Би Би Си“ Ананенко, додавајќи дека во тоа време бил на смена, а другите двајца колеги од тимот биле повикани од менаџерот зашто знаеле каде се наоѓаат вентилите и тоа ги правело подобни за работната задача.
Ако јас не го направев тоа, можеа да ме отпуштат од работа. Како би нашол работа после тоа?, рекол Ананенко за „Би Би Си“ во 2019 година, додавајќи дека не им било аплаудирано после враќањето, ниту им била дадена награда, бидејќи ова било сметано за вообичаена работна задача.
На следниот линк може да се прочита едно подолго интервју од Ананенко на кое тој ги покажува својата диплома за инженер, раскажува за вработувањето во „Чернобил“ итн.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар