Хитлер немал деца, Ангела Меркел, Тереза Меј и Далија Грибаускајте не се негови ќерки

Фото: колаж од Bundesarchiv, Bild/; Andrew Parsons, OGL 3; Augustas Didžgalvis; Raimond Spekking, CC BY-SA 3.0 DE, via Wikimedia Commons

Она што е познато и научно прифатено е дека Хитлер немал свои деца. Меркел е родена на 17 јули 1954 година во Хамбург, речиси една деценија откако Хитлер се самоуби на 30 април 1945 година во Берлин. Ниту Тереза Меј не може да му биде ќерка на Хитлер бидејќи и таа е родена речиси една деценија по неговата смрт, во 1956 година во Сасекс, Англија. И Гирбаускајте е родена во 1956 година,  во Вилнус, Литванија

Она што е познато и научно прифатено е дека Хитлер немал свои деца. Меркел е родена на 17 јули 1954 година во Хамбург, речиси една деценија откако Хитлер се самоуби на 30 април 1945 година во Берлин. Ниту Тереза Меј не може да му биде ќерка на Хитлер, бидејќи и таа е родена речиси една деценија по неговата смрт, во 1956 година во Сасекс, Англија. И Гирбаускајте е родена во 1956 година,  во Вилнус, Литванија

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, поранешната британска премиерка Тереза Меј и поранешната претседателка на Литванија Далија Грибаускајте, биле ќерки на поранешниот нацистички водач на Германија Адолф Хитлер.

Да не беше Хитлер ќе немаше ни европски вредности без неговите 3 ќерки. Ах бе северни ко*илиња, стои во објавата.

Објавата споделува фотографија од Хитлер и неговата љубовница Ева Браун, под која се наоѓаат фотографии од трите европски лидерки и една црно-бела фотографија со која се алудира дека ги прикажува Меркел, Меј и Грибаускајте кога биле млади.

Дезинформации поврзани со Хитлер и неговото семејство се ширеле и претходно. Но, она што е познато  и научно прифатено е дека Хитлер немал свои деца. Тој во јавноста создавал имиџ на човек кој е во целибат, целосно посветен на неговата политичка мисија и нацијата. Хитлер ја запознал својата љубовница, Ева Браун, во 1929 година и се оженил со неа на 29 април 1945 година, еден ден пред и двајцата да се самоубијат. Во септември 1931 година, неговата полувнука, Гели Раубал, си го одзела животот со пиштолот на Хитлер во неговиот стан во Минхен. Меѓу современиците се шпекулира дека Гели била во романтична врска со него, а нејзината смрт била извор на длабока, трајна болка. Пола Хитлер, помладата сестра на Хитлер и последниот жив член на неговото потесно семејство, починала во јуни 1960 година.

Оттука, беспредметно е да се тврди дека тој имал деца, а уште помалку дека Меркел, Меј и Грибаускајте биле негови ќерки.

Што се однесува до црно белата фотографија во објавата што ја анализираме, а за која се тврди дека ги покажува трите европски лидерки, наводно сестри и ќерки на Хитлер кога биле млади, на фотографијата се наоѓа Меркел, но не и Меј и Грибаускајте.

Оригиналната фотографија беше објавена од TIME со други слики на младата Меркел во 2015 година, кога беше избрана за личност на годината на магазинот.

Описот под фотографијата гласи:

Ангела Каснер, 18, со пријателите на новогодишната забава во Берлин во 1972 година.

Си-Ен-Ен, исто така, ја објави истата фотографија во неколку написи со речиси идентичен натпис.

Ројтерс не можеше да најде никаков доказ дека другите две млади жени на фотографијата со Меркел се Меј и Грибаускајте. Тие пораснале во различни земји, така што фотографијата на која Меркел, Меј и Грибаускајте се заедно како тинејџери е малку веројатна.

Вистинска фотографија од младата Тереза ​​Меј може да погледнете овде .

Не е јасно кои се другите две млади девојки на фотографијата со Меркел.

Ангела Меркел не е ќерка на Адолф Хитлер. Хитлер се самоубил во 1945 година, но Меркел се родила дури во 1954 година, пишува Ју-ес-еј тудеј.

Меркел, која беше првата жена канцеларка на Германија, е родена на 17 јули 1954 година во Хамбург, Западна Германија, според Британика. Со други зборови, Меркел е родена речиси една деценија откако Хитлер почина на 30 април 1945 година, кога се самоуби во својот бункер во Берлин.

Таткото на Меркел бил Хорст Каснер, лутерански свештеник кој го преселил семејството во Источна Германија истата година кога Меркел се родила, пренесува Британика. Тој почина во 2011 година. Нејзината мајка, Херлинд Каснер, била учителка, иако ѝ била забранета таа работа во Источна Германија.

И Тереза Меј не може да му биде ќерка на Хитлер бидејќи и таа како и Меркел е родена речиси една деценија по неговата смрт, во 1956 година во Сасекс, Англија.

И Гирбаускајте е родена во 1956 година. Таа е родена во Вилнус, Литванија.

Иако на социјалните мрежи се појавувале теории на заговор дека тој избегал во Аргентина и продолжил таму да живее, сепак, во 2018 година, анализата на неговите заби потврдила дека тој „дефинитивно умрел во 1945 година“, според списанието Смитсонијан.

Тврдењето дека Ангела Меркел му е ќерка на Хитлер го има дебанкирано и Лид сторис.

И Вистиномер има дебанкирано неколку информации поврзани со наводни внуци и деца на Хитлер, како на пример дека Обама е внук на Хитлер, а Меркел е негова ќерка, па и внука.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата е невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција