Холанѓаните излегоа на протести против корона-мерките, не дигнаа востание
Во Холандија има улични немири и насилни протести против новите построги мерки во борбата против коронавирусот. Во никој случај не станува збор за востание, организиран и оружен бунт на народот против власта. Според снимките и фотографиите објавени во медиумите, очигледно е дека Холанѓаните не се кренале на никакво востание, ниту, пак, протестите прераснале во оружен бунт против власта
Во Холандија има улични немири и насилни протести против новите построги мерки во борбата против коронавирусот. Во никој случај не станува збор за востание, организиран и оружен бунт на народот против власта. Според снимките и фотографиите објавени во медиумите, очигледно е дека Холанѓаните не се кренале на никакво востание, ниту, пак, протестите прераснале во оружен бунт против власта
Пост на Фејсбук шири лага дека во Холандија, протести прераснале во востание, без притоа да понуди детали за што точно станува збор. Во прилог на постот е објавено и видео на кое се гледа собрана толпа народ како прави нереди на улиците, пали автомобили и уништува друг инвентар поставен на јавен простор. Постот во моментот на нашата рецензија е вирален и речиси 300 интеракции од сите видови.
За што всушност станува збор?
Последните неколку дена во Холандија има насилни протести против полицискиот час. Немирите почнаа минатиот викенд кога луѓето излегоа на улиците во знак на протест против новите построги мерки во борбата против коронавирусот.
Според извештаите објавени во медиумите, во Ајндховен биле запалени повеќе возила и биле ограбени продавници. Во Амстердам припадниците на безбедносните сили, како што тврдат, биле гаѓани со камења и пиротехнички материјали, по што употребиле водени топови и кучиња за да го растурат протестот со околу 1.500 луѓе. Во местото Урк беше запален центар за тестирање од коронавирус.
Како што соопштија од полицијата, на протестите биле забележани претежно млади луѓе. Една демонстрантка за агенцијата Ројтерс изјави дека протестира затоа што во корона-кризата се правело премалку за младите и за нивните потреби. Друга учесничка во протестите критикуваше дека владата нема план и не нуди перспектива. По судирите со полицијата, уапсени се околу 250 лица.
Холандскиот премиер Марк Руте на Твитер напиша дека случувањата од викендот немаат „ништо со протести или борба за слобода“, туку дека се работи за „криминално насилство“.
Значи, она што се случува во Холандија се улични немири и протести кои завршуваат со растурање на истите и со апсење на дел од насилниците од страна на полицијата. Во никој случај не станува збор за востание. Востанието, претставува организиран и оружен бунт на народот против власта. Според снимките и фотографиите објавени во медиумите, очигледно е дека Холанѓаните не се кренале на никакво востание, ниту, пак, протестите прераснале во оружен бунт против власта. Насатрана фактот што во овие протести учество зеде многу мал број од граѓаните во Холандија и во ограничен број населени места.
Постот што го анализираме шири невистини, без притоа да понуди конкретни информации за што точно станува збор и каква завршница имале тие нереди.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар