ХПВ вакцината е безбедна и не предизвикува стерилитет
Нема докази за стерилитет предизвикана од ХПВ вакцината. Вакцината е тестирана и одобрена од ФДА (Агенција за храна и лекови во САД ) и е препорачана од медицински и лекарски здруженија во над 120 земји. Вакциналниот профил на оваа вакцина во Македонија е поволен и безбеден. ХПВ типовите 16 и 18 се најчести причинители на ракот на грлото на матката. Според СЗО, над 630 милиони луѓе во светот се заразени со ХПВ
Нема докази за стерилитет предизвикана од ХПВ вакцината. Вакцината е тестирана и одобрена од ФДА (Агенција за храна и лекови во САД ) и е препорачана од медицински и лекарски здруженија во над 120 земји. Вакциналниот профил на оваа вакцина во Македонија е поволен и безбеден. ХПВ типовите 16 и 18 се најчести причинители на ракот на грлото на матката. Според СЗО, над 630 милиони луѓе во светот се заразени со ХПВ
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува известување во кое се наведува дека на 2 февруари 2023 во просториите на Здравствен дом Струмица ќе се одржи задолжителна редовна имунизација за девојчиња од 7 одделение со вакцина ХПВ. Во постот се вели:
Родители, отворете очи!! Во Индија огромен број на девојчиња по таа вакцина останаа парализирани и стерилни.
Дали ХПВ вакцината е безбедна?
Вакцината е тестирана и одобрена од ФДА (Агенција за храна и лекови во САД ) и е препорачана од медицински и лекарски здруженија во над 120 земји.
Вакцината не содржи вирусна ДНА што значи дека не може да предизвика ХПВ инфекција или болест. Вакцината е со потврдена ефикасност, имуногеност како и исклучително добар профил на подносливост и безопасност. Направените студии докажуваат ефикасност за 5,5 години, но студиите за имуногеност продолжуваат во период до 10 години. Досега во светот се дадени над 50 милиони дози и при сите испитувања и спроведени вакцинации, вакцината била добро поднесувана, пишува на веб-страницата на Министерството за здравство во информацијата за оваа вакцина.
Како што пишува СЗО, од 2012 година, индивидуални случаи ја поврзале вакцината со намалена плодност пред 40 годишна возраст. Систематски преглед на овие случаи (преку студии) бил спроведен и првично било заклучено дека во два индивидуални случаја имало поврзаност меѓу вакцината и плодноста.
Деталите од студиите му беа презентирани на Комитетот, кој ги прегледа доказите и заклучи дека иако безбедноста на ХПВ вакцината доби големо медиумско внимание, доказите не сугерираат дека има причинско последична врска меѓу ХПВ вакцината и неплодноста, пишува СЗО.
Оттаму заклучуваат дека според достапните информации, нема асоцијација меѓу ХПВ вакцината и неплодноста.Има и студии што не наоѓаат корелација меѓу ХПВ вакцината и неплодноста.
Во Индија за првпат е презентирана и ХПВ вакцина произведена дома, во Индија. Во Индија канцерот на матката е втор најчест вид на канцер кој ги погодува жените во таа држава. ХПВ вакцината произведена во Индија се вика Севавак, а ја произведува Серум институтот од Индија.
Севавак ќе ја направи Индија самоодржлива во контролирањето на смртноста предизвикана од рак на грлото на матката. Владата на Индија ќе ја воведе во националаната вакцинална програма. Според министерството за наука на Индија, од рак на грлото на матката во Индија годишно умираат 75 илјади жени.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека нема докази за стерилност предизвикана од ХПВ вакцината. Вакциналниот профил на оваа вакцина во С. Македонија е поволен и безбеден.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар