Иако се произведени во рекордно време, вакцините ги поминаа безбедносните тестови и се ефикасни

Во весникот „Банер” е објавен текст во кој е изваден од контекст пулмологот Ардијан Јорѓи кој во интервју зборува за „Тв Клан“. На ваков начин се дезинформираат читателите за ефектот што вакцините против ковид го имаат врз луѓето и за постапката низ која поминале овие вакцини пред истите да се одобрат за употреба.  Да, вакцините се произведени побрзо од која било вакцина досега, но тоа не значи дека се не преземени потребните чекори за испитување на нивната ефикасност, безбедност и квалитет, пишува Порталб.

 

Во овој текст пишува дека вакцината не лекува и не спасува животи, туку напротив, дека таа им предизвикува проблеми на луѓето.

 

„Вакцината не лечи и не спасува животи, напротив, предизвикува проблеми кај луѓето“, пишува во текстот што го рецензираме.

 

Еве една студија која ја демантира оваа теорија. За 5 месеци вакцините спасиле 140.000 животи.

 

 

Понова студија пак, објавена во списанието „Хелт Аферс” покажува дека во Соединетите Држави за само неколку месеци, односно од почеток на 2021 година, вакцините против Ковид-19 спасиле околу 140.000 животи.
Покрај тоа, според студијата, во овој период голем е и бројот на превенирани случаи на ковид 19 со помош на вакцината. Иако се очекуваше дека вакцините против коронавирус ќе го забават преносот на вирусот и ќе спасат животи, не се знаеше со сигурност дали овие вакцини ќе влијаеа врз намалувањето на бројот на смртни случаи од вирусот.

 

Оваа студија имаше за цел да го потврди бројот на смртни случаи од корона вирусот во периодот кога дел од населението веќе беше имунизирано со периодот кога овие вакцини сè уште не постоеја или се уште се произведуваа.

 

Како студијата потврди дека вакцините спасуваат живот?

За да проучат како и колку животи биле спасени со вакцините против корона вирусот во првите месеци од 2021 година, тим од научници од Универзитетот во Индијана создале неколку модели за да измерат колку смртни случаи би настанале ако во тој временски период немало вакцини.

 

Вакцина, Ковид, Коронавирус, Вакцинација; Фото: Pexels

 

Сумеда Гупта, водечки автор на студијата и економист на Универзитетот Пердју Индијанаполис, рече дека таа и нејзиниот тим го спровеле експериментот преку, како што таа го нарече, „природен експеримент“.

 

Земјите со најголем број вакцинирани беа испитаната група, а земјите со најмал број вакцинирани беа контролната група.

 

Студијата беше спроведена од 1 декември до 9 мај 2021 година. Истражувачите дошле до заклучок дека вакцинацијата против Ковид-19 спречила 139.393 смртни случаи.
Целата студија можете да ја погледнете тука.

 

За да „докаже“ дека вакцините се штетни, авторот на оваа дезинформација како оправдување ја користи забрзаната постапка на изработка и овластување на вакцините против коронавирусот.
Да, вакцините се развија со забрзана процедура, но ги поминале сите потребни испитувања за безбедноста.

 

Многу фармацевтски компании инвестираа во ресурсите потребни за брз развој на вакцината против ковид 19 поради влијанието што оваа болест го имаше врз светот. Вонредната ситуација налагаше  итен одговор, но тоа не значи дека компаниите ги занемариле безбедносните протоколи или не ги спровеле потребните тестирања за вакцините.

 

Во моментов се вршат клинички испитувања на неколку вакцини против ковид 19. ФДА ги анализира резултатите од испитувањата пред да ги одобри вакцините за употреба. Но, бидејќи има итна потреба од вакцини против коронавирусот и процесот на одобрување на вакцината може да трае со години и месеци, ФДА одобри употреба на вакцина за итни случаи врз основа на помалку податоци од вообичаено. Податоците мора да докажат дека вакцините се безбедни и ефикасни.

 

Според Грегори Поланд, експерт за заразни болести, вакцините спасуваат животи, го чуваат здравјето и спречуваат инфекција.
Ова е спектакуларно достигнување за човештвото, додаде тој.
Над 7 билиони луѓе примиле барем една доза на вакцината против ковид 19 ширум светот, а пријавените несакани ефекти се минимални и честопати индиректно поврзани со вакцините.

 

Вакцините против коронавирусот се безбедни и ефикасни. Овие вакцини се испитувани кај илјадници волонтери учесници во клиничките испитувања. Вакцините ги поминале и строгите научни стандарди на Агенцијата за храна и лекови на САД, стандарди кои се однесуваат на ефикасноста, безбедноста и квалитетот на вакцините пред тие да бидат одобрени за употреба.

 

Несакани ефекти на вакцините

Резултатите што произлегоа од истражувањето или мониторирањето на случаите со несакани ефекти од вакцината се добри. Некои луѓе немаат никакви несакани ефекти или симптоми по примање на една доза на вакцината против коронавирусот, додека други пак ги имаат некои од следните симптоми:

 

Отекување и болка во местото на апликација
Треска
Главоболка
Замор
Болка во мускулите
Тресење
Повраќање

 

До сега не се докажани сериозни несакани ефекти кои може да предизвикаат долгорочни здравствени проблеми по примањето на вакцината против ковид. Мониторингот на вакцините покажа дека несаканите ефекти се јавуваат главно во период од шест недели по примањето на вакцината против коронавирусот. Затоа, ФДА од самиот почеток побара одобрените вакцини да се проучуваат најмалку два месеци (осум недели) по примањето на втората доза. Милијарди луѓе ја примиле вакцината за Ковид-19 и не се евидентирани долгорочни ефекти.
Центарот за контрола на болестите во САД продолжува да ја мониторира безбедноста на вакцините против Ковид-19. Доколку научниците откријат поврзаност меѓу вакцината и некоја можна болест, производителите на вакцини заедно со здравствените институции ќе работат за изнаоѓање на решение за проблемот.
Ако сте имале сериозен или долгорочен несакан ефект по примање на вакцина против коронавирусот, истиот можете да го пријавите тука.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција