Игор Миќев: Пецо Грујовски е нелегитимен претседател на Синдикатот

 

Денес ќе ви зборував како нов претседател на Синдикатот на УПОЗ доколку се одржеа легални избори во Синдикатот на УПОЗ. Доколку Пецо Грјовски не ги прекршеше на најдрзок и најбезобразен начин сите синдикални правила и процедури, прекршувајќи го статутот на Синдикатот на УПОЗ, деловодникот за работа на претседателството на Синдикатот на УПОЗ и не ги суспендираше сите легално избрани органи на синдикатот на УПОЗ, членовите на претседателството, претседателите на синдикалните организации и сите други органи и тела на синдикатот на УПОЗ . За разлика од Пецо јас имам мото дека синдикатот не е привилегија туку право. Имам програма со која сакам да го направам Синдикатот на УПОЗ силен фактор во општеството, а не безгласна буква какава што беше во изминатиов период

 

                      [Извор: Курир  Датум: 14.12.2015]

Образложение:

Игор Миќев, претседател на синдикалната организација при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, синдикална организација која е дел од синдикатот на УПОЗ, реагира на реизборот на Пецо Грујовски за прв човек на оваа синдикална организација.

Пецо Грујовски  за првпат  е избран за претседател на УПОЗ во 2010 годна, а ова му е втор петгодишен мандат. За обвинувањата искажани во врска со неговиот реизбор, Грујовски, во изјава за МРТ,  вели дека

Собранието кое го избрало било легитимно, а оние кои обвинуваат не биле членови и немале право да говорат за синдикатот. [Пристапено на 16.12.2015]

Инаку, деновиве (од 11.12 до 13.12.2015 година) во Хотел „Метропол“ Охрид се одржа седмото Собрание на Синдикатот на УПОЗ под мотото „ДА ГО СПАСИМЕ СИНДИКАТОТ ОД НАТРАПНИЦИ”.

На Собранието од вкупно 69 делегати присутни биле и учество зеле 61 делегат. Врз основа на извештајот на Кандидационата комисија, која го верификуваше мандатот на претставниците на Претседателството кое ќе се конституира на првата седница, а и врз основа на овој Извештај, како и ставот на Претседателството од седницата на 26.06.2015 година, како предлог и единствен кандидат Пецо Грујовски со акламација беше избран за Претседател на Синдикатот на УПОЗ. [Пристапено на 16.12.2015]

Во Статутот на УПОЗ во член 37 стои:

Член 37

(1) Мандатот на избраните членовите на синдикалната организација трае пет години. Во случај Собранието на синдикалната организација да се одржи најмногу 12 месеци пред одржувањето на Собранието на Синдикатот на УПОЗ, мандатот може да трае и подолго.

(2) Доколку Собранието позитивно ја оцени работата на претседателот и неговиот заменик, можат да бидат избирани повеќепати едно по друго.

И во член 51 стои:

Член 51

(1) Собранието работи ако на истото присуствуваат повеќе од половината избрани делегати,

(2) Одлуките се полноважни ако за нив се изјаснат повеќе од половина присутни делегати на Собранието. [Пристапено на 16.12.2015]

 Имајќи го предвид сето ова  изјавата на Игор Миќев се оценува како невистинита.

Линкови:

 

Оценето од: Владо Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција