„Икс“ не успева да се справи со руските дезинформации, кршејќи ги правилата на ЕУ
Извештај на непрофитната група „We move Europe“ забележа 125 објави кои јасно ги прекршуваат санкциите на платформата во сопственост на Илон Маск. На пример, во објава што ја споделило руското Министерство за надворешни работи на „Икс“ – извадок од документарец продуциран од Раша тудеј, се споделувала лажна приказна за соработник на Адолф Хитлер кој бил „воздигнат на ранг на национален херој од страна на режимот во Киев“. За да се избегнат санкциите, во објавата имало линк кој водел до апликацијата „Телеграм“ за таму да се гледа целата содржина
Извештај на непрофитната група „We move Europe“ забележа 125 објави кои јасно ги прекршуваат санкциите на платформата во сопственост на Илон Маск. На пример, во објава што ја споделило руското Министерство за надворешни работи на „Икс“ – извадок од документарец продуциран од Раша тудеј, се споделувала лажна приказна за соработник на Адолф Хитлер кој бил „воздигнат на ранг на национален херој од страна на режимот во Киев“. За да се избегнат санкциите, во објавата имало линк кој водел до апликацијата „Телеграм“ за таму да се гледа целата содржина
Пишува: Мирослава Симоновска
Социјалната мрежа „Икс“ добила 125 пријави за руски дезинформации, но отстранетa билa само една објава, а останатите биле игнорирани, пишува во извештај на непрофитната група „We move Europe“ со наслов „Пријавени и игнорирани“ што го објави „Еуроњуз“. Некои од објавите вклучувале содржини од рускиот државен радиодифузен сервис Раша тудеј (RT), кој е забранет од Европската Унија по инвазијата на Украина во 2022 година.
Вкупно 125 објави на „Икс“ во кои јасно се прекршуваат санкциите на ЕУ беа пријавени преку алатката „пријави ЕУ-нелегална содржина“ на платформата Икс. Тие вклучуваа на пример, програми од рускиот државен сервис РТ. Само 57 проценти од пријавите за нелегални содржини добија повратен одговор дека се примени, со што се прекршуваат обврските од Законот за дигитални услуги (DSA). Само еден од пријавените постови беше отстранет, а во другите случаи, „Икс“ одговори преку мејл, дека не пронашле прекршување на ЕУ-законот и покрај јасни докази за спротивното. Вкупно 7 одговори од „Икс“ пристигнаа за 2 минути или помалку, потенцијална индикација за автоматски пораки. Во случајот со содржини од санкционираната руска операција за влијание „Двојник“ (Doppelgänger), објавите беа избришани и покрај иницијалниот одговор од платформата дека нема да се преземат никакви мерки, пишува во извештајот.
Во него се наведува дека повеќе од 100 содржини објавени на „Икс“ од руски државни медиуми и актери на дезинформации кои не ги почитуваат европските правила, сè уште се појавуваат на платформата и покрај тоа што се пријавени на „Икс“.
Пронајдени се 125 објави коишто јасно ги прекршуваат санкциите на платформата во сопственост на Илон Маск. Само еден пример, е објавата што ја споделило руското Министерство за надворешни работи на „Икс“ – извадок од документарец продуциран од „Раша тудеј“, во кој се споделувала лажна приказна за соработник на Адолф Хитлер кој бил „воздигнат на ранг на национален херој од страна на режимот во Киев“. За да се избегнат санкциите, во објавата имало линк кој водел до апликацијата „Телеграм“ за таму да се гледа целата содржина.

Истражувачите кои стојат зад овој извештај, го пријавиле во „Икс“ целиот материјал што се смета за нелегален според Европскиот закон за дигитални услуги (DSA).
Според извештајот, алармантно, барем 16 од објавите потекнувале од официјални сметки на „Икс“ од санкционирани медиуми, што значи дека овие медиуми остануваат достапни за публиката во ЕУ, и покрај тоа што се забранети во ЕУ од 2022 година. Колективно овие канали имаат над 2,2 милиони луѓе што ги следат.
Законот за дигитални услуги на ЕУ, ја потенцира облигаторната законска одговорност на одредена категорија на провајдери на онлајн услуги кои се сметаат за „многу големи онлајн платформи“ (VLOP) меѓу кои е социјалната мрежа „Икс“. Една од нивните обврски е ефективно да ги адресираат нелегалните содржини на овие платформи, а според режимот на санкции од ЕУ против Русија, оваа содржина навистина е нелегална, пишува во извештајот.
Во јануари, француските обвинители започнаа истрага по обвинувањата дека алгоритмот на „Икс“ се користи за цели на странско мешање. Платформата во сопственост на Илон Маск соопшти дека истрагата за наводно странско мешање и пристрасност преку алгоритмот е „политички мотивирана“. Според режимот на санкции на ЕУ, забрането е да се нудат услуги за хостирање содржини за санкционирани субјекти, како што се радиодифузери или санкционирани поединци.
Русија ја интензивираше својата кампања за дезинформации во Европа откако ја нападна Украина во 2022 година. Заедно со официјалните профили на руската влада што ширеле невистинити информации, имало и профили веројатно управувани од „Агенција за социјален дизајн“, руска компанија позната по продукцијата на руската кампања за влијание „Двојник“, како и анонимни корисници што постојано објавувале таков материјал.
После војната обемот на содржини навистина експлодираше. Голем дел од објавите што ги означивме на „Икс“ се на пример, документарни филмови ако може така да ги наречеме, па 40-минутни видеа од „Раша тудеј“ што покажуваат како „Украина го заслужила сето тоа“ и како „Зеленски и сите владини функционери во Украина се обожаватели на нацистички фигури“, изјави за Еуроњуз Шарл Теруал (Charles Terroille) кој работеше на трудот.
Тој додаде дека дезинформациите за јавното здравје и за вакцините против ковид-19 сè уште се актуелни, меѓу другите теми, како што се дезинформациите за животната средина, и дека Русија „апсолутно ги користи како оружје“. Еден од начините на коишто тоа се прави е – преку страници кои според името наликуваат на официјални западни медиуми и нивно ширење на „Икс“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар