Илон Маск, Сем Алтман и Питер Тил не се рептили, ниту хибриди

Теоријата на заговор за рептили на Земјата циркулира со години, а нејзиното потекло е поврзано со британскиот новинар, подоцна теоретичар на заговор, Дејвид Ајк.

Теоријата на заговор за рептили на Земјата циркулира со години, а нејзиното потекло е поврзано со британскиот новинар, подоцна теоретичар на заговор, Дејвид Ајк. Според Ајк, влекачите ја нападнале Земјата, тие пристигнале од различни делови на вселената и повеќето од нив се вонземјани. Теоретски, Марс е една од нивните планети на раѓање

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Кандис Овенс вели дека не верува дека Елон Маск, Сем Алтман или Питер Тил се луѓе и наместо тоа ги нарекува хибриди. Таа споменува дека има нешто чудно во врска со нивните очи и вели дека не е сигурна дека воопшто крварат. Овенс опишува темно, демонско присуство и тврди дека тие се трансхуманисти и промотори на Алистер Кроули кои сакаат да го контролираат човештвото преку вештачка интелигенција и безбожна технологија.

На почетокот од нашата анализа на објавата, вреди да се спомене дека Кандис Овенс е коментаторка која се залага за теории на заговор. Таа претставува фигура на американската крајна десница и неуморно работи на оживување на лажните информации за тоа дека сопругата на претседателот Емануел Макрон е трансродова.

Во ноември лани, на Овенс ѝ беше одбиена виза за влез во Нов Зеланд, според „Асошиејтед прес“ . На Овенс претходно ѝ беше одбиено барањето за виза во Австралија, во кое се наведуваат забелешки во кои таа наводно негира дека Евреите биле предмет на медицински експерименти во нацистичките концентрациони логори.

Тврдењето на Овенс дека Илон Маск, Сем Алтман и Питер Тил не се луѓе туку хибриди, исто така е теорија на заговор.

Илон Маск, Сем Алтман и Питер Тил се вистински луѓе, познати претприемачи и инвеститори. Нема никакви докази дека се „хибриди“ или нешто друго што не е човечко. Таквите тврдења потекнуваат од теории на заговор, кои не се засноваат на научни или проверени факти.

Современите технолошки лидери често се поврзуваат со идеи за трансхуманизам (подобрување на човештвото преку технологија). Тоа кај некои луѓе создава чувство дека тие „веќе не се обични луѓе“, па се појавуваат митови за „хибриди“, „вештачки луѓе“ итн.

Нема никаков биолошки или медицински доказ дека овие луѓе се нешто друго освен обични човечки суштества. Сите се документирани од раѓање, имаат семејства, јавни биографии и сè што би имал секој друг човек.

„Мит детектор“ ја има анализирано теоријата дека Илон Маск би можел да биде „хибрид“ или „вонземјан/рептил“ и заклучува дека таквите тврдења се дел од долга конспирациска низа без фактичка поддршка.

Како што наведува Мит детектор, теоријата на заговор за рептили на Земјата циркулира со години, а нејзиното потекло е поврзано со британскиот новинар, подоцна теоретичар на заговор, Дејвид Ајк. Според Ајк, влекачите ја нападнале Земјата, тие пристигнале од различни делови на вселената и повеќето од нив се вонземјани. Теоретски, Марс е една од нивните планети на раѓање.

Оваа теорија на заговор потекнува од грузиските социјални мрежи, односно, теоријата на заговор за луѓето-гуштери ја објавил еден од корисниците на Фејсбук, Леван Нави, уште во април 2021 година.

„Политфакт“ во своја анализа исто така посочува дека тврдењата за луѓе (вклучувајќи и познати личности) дека се рептили или „не-човечки“ се неосновани и класифицирани како дезинформации.

Нема достапни научни, биолошки или веродостојни извори кои би покажале дека некој од тие луѓе навистина е „хибрид” или „нешто друго освен човек”.

Поради тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција