Информацијата без основна поверка на фактите од најмалку две страни е сомнителна

Веста што ја разгледуваме зборува за можноста за предизборна коалиција меѓу ДУИ и НДП. Авторот пишува дека дознал оти „Весел Мемеди ја моли ДУИ“ за оваа предизборна соработка. Информацијата, како што цитира медиумот, сè уште е неофицијална, но и сомнителна

 

Фотографија од веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „Весел Мемеди го надминал гневот со ДУИ, ги моли за коалиција!“ Vesel Memedi i ka tejkaluar inatet me BDI-në, e lut për koalicion!

Датум на објавување: 13.1.2020

Датум на рецензија: 15.1.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Постојат две страни на оваа вест. Од едната страна се Весел Мемеди и партијата што ја води, НДП, а од другата е ДУИ. Ако авторот дознал дека „Мемеди ги моли ДУИ“ за коалиција, требало да ги праша двете страни. Мемеди можел да го потврди или отфрли тоа. Исто така и ДУИ.

„Од сигурни извори во рамките на огранокот на ДУИ во Гостивар се дознава дека Весел Мемеди ги моли од ДУИ да формира коалиција за изборите на 12 април. Се потсетуваме дека пред неколку години ДУИ беше најголемиот противник на НДП, но Весел Мемеди се чини дека го надминал гневот кон ДУИ и ќе ја поддржи ДУИ на изборите на 12 април, исто како што тоа го сторија и на локалните избори во 2017 година во Гостивар…“, пишува во текстот што го разгледуваме.

Анонимни извори од ДУИ се прифатливи, но не треба да има недостиг од официјална потврда и од партијата. Во отсуство на многу потребни извори за веродостојноста на оваа вест и во отсуство на дополнителни факти, текстот остава простор за сомнеж во вистинитоста на информациите.

Верификацијата е првото начело од Етичкиот кодекс на новинарите.

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврд или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно, пишува во Етичкиот кодекс за новинарите.

Техника на манипулација

Во овој напис, авторот се повикува на авторитет, укажувајќи на тенденцијата да ѝ се припише вистинитост на изјава доколку е искажана од  авторитет. Во овој случај, авторитетот е анонимен извор од огранокот на ДУИ во Гостивар. Ова ја прави веста да изгледа поверодостојна. Исто така е искористен недостиг од спротивни докази. Информацијата од анонимниот извор е претставена како вистинита само затоа што не постојат докази оти не е точна. Техниките на манипулација што ги детектиравме се засноваат на прирачникот на CriТhink.

За читателите

Во овој период, на само два месеца до изборите закажани за 12 април, партиите го набљудуваат теренот и ги анализираат своите позиции. Можности за коалиции постојат. За какви било неофицијални информации што може да дојдат во увото на новинарот, тој е должен, врз основа на етички и професионални принципи, да се обиде да ги провери. Обидот за проверка го приближува новинарот до вистината и ја намалува можноста јавноста да биде дезинформирана или манипулирана.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција