Информацијата дека Македонците имаат најстар ген е стара и неверодостојна

Фото: Image by Jacqueline Schmid from Pixabay

Недостига каков било доказ дека тврдењето дека Македонците се редок народ со најстар ген е автентично. Нема податоци како е направено истражувањето, кои методи се користат и на кој начин се добиени овие податоци кои потоа се пренесуваат како апсолутни вистини. Истражувањата коишто ги прави овој Швајцарски институт, за кои притоа наплаќа, се во најмала рака дискутабилни и се со непотврдена веродостојност.

 

Текст стар четири години, со нецелосни информации повторно се актуелизира и се реобјавува во повеќе групи на социјалната мрежа Фејсбук со цел манипулирање на јавноста.

Медиумски напис пренесува изјава на Роман Шолц директорот на Швајцарскиот институт за атропологија и ДНК – ИГЕНЕА кој тврди дека Македонците се еден од најретките народи во светот со најстар ген. Овој напис е објавен во јули 2017 година, но тоа не е пречка повеќепати во текот на изминатите години тој да се рециклира.

На социјалната мрежа Фејсбук написот е споделен во 2018 година , па во 2019 година кога повторно го објавуваат дел од порталите, а и минатата година кога исто така бил споделен во некои Фејсбук групи.

Пред неколку дена оваа стара објава повторно се рециклира и масовно се споделува во голем број на Фејсбук групи чиишто активни корисници придонесуваат објаваta, иако стара, да добие на голема видливост.

Па така, за неполна една недела овој напис е споделен во групите:

Но, освен што веста е стара се поставува и прашањето дали воопшто е точна?

Недостига каков било доказ дека тврдењето дека Македонците се редок народ со најстар ген е автентично. Нема податоци како е направено истражувањето, кои методи се користат и на кој начин се добиени овие податоци кои потоа се пренесуваат како апсолутни вистини.

Истражувањата коишто ги прави овој Швајцарски институт, за кои притоа наплаќа, се во најмала рака дискутабилни и се со непотврдена веродостојност.

Колку и на некој да му звучи убаво и да му се допаѓа информацијата дека сме дел од најретките народи со најстар ген, сепак не значи дека тоа е точно. Информацијата, освен што е стара, таа е и нецелосна и не може да се потврди, па затоа треба особено внимателно да се постапува со вакви половични информации и да не се споделуваат на социјалните мрежи.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција