Информирањето на јавноста за здравствените ризици не е „сеење страв“

Тигрест комарец Фото: Sixto Emmanuel Picones Puebla, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Фактот што медиумите ја информираат јавноста – повикувајќи се на релевантни извори, дека западно-нилска треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец не претставува „сеење страв“. За западно-нилска треска нема вакцина. Во моментот во Северна Македонија прогласена е епидемија од западно-нилска треска во пет скопски општини – Кисела Вода, Аеродром, Илинден, Гази Баба и Бутел.

Фактот што медиумите ја информираат јавноста – повикувајќи се на релевантни извори, дека западно-нилска треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец не претставува „сеење страв“. За западно-нилска треска нема вакцина. Во моментот во Северна Македонија прогласена е епидемија од западно-нилска треска во пет скопски општини – Кисела Вода, Аеродром, Илинден, Гази Баба и Бутел. Според здравствените власти, од почетокот на годината има 26 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а два се суспектни

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Вие медиуми ,портали,таканаречени новинари доста со вашите изјави сеете страв кај народот.На тој начин сте соучесници на власта било СДС ,било ДПНЕ. Дај еднаш одважете се и застанете храбро на страна на народот. Кажете ја вистината, истражете како новинари. Не туку само пишувајте што ќе ви наредат за пусти пари, околу пЛандемиите итн. Видовме после колку време и жртви од Ковидот излезе вистината дека бадијала луѓе се испобоцкаа со вакцини.Лажна пЛандемија. Сето ова беше кажано од еминентни стручни епидимиолози. Сега повторно со комарци се сее страв. Толку во болница ,волку умрени со бројки.Само држење народот во покорност и сеење страв. ПС.На крај да ве поздравам и ви укажам. Дај веќе бидете храбри и чесни новинари проговорете и кажете ја вистината. Не само како папагали повторувате се едно исто само со малку испревртени зборови…Народот тоа го заслужува,нашите деца ,внуци….Се надевам сека ќе се освестите.Сепак тука се и ваши деца и внуци.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, информирањето на јавноста за здравствените опасности и состојби базирано на релевантни извори (државни здравствени институции на пр.) не претставува „сеење страв“. Во моментов во Северна Македонија прогласена е епидемија од западно-нилска треска во пет скопски општини – Кисела Вода, Аеродром, Илинден, Гази Баба и Бутел. Според здравствените власти, од почетокот на годината има 26 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а два се суспектни. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои пет се во тешка состојба и се на механичка вентилација. Најголем дел од заболените се повозрасни граѓани.

Фактот што медиумите ја информираат јавноста дека западно-нилска треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец не претставува „сеење страв“, туку информирање на јавноста за таа да донесе информирани одлуки. За западно-нилска треска нема вакцина.

Затоа е важно граѓаните да знаат каква е моменталната епидемиолошка состојба, состојбите во болниците, начинот на пренесување на вирусот за да може да се заштитат, да преземат превентивни активности итн. Тоа што се кажува колку луѓе се во болница или починале со бројки, претставува одговорно информирање на јавноста, а не „држење на народот во покорност и сеење страв“.

Во Северна Македонија, како што соопштија здравствените власти, едно лице починало како последица на компликации поврзани со болеста. Починатиот пациент од Скопје бил на возраст од 83 години. Кај него била дијагностицирана и лабораториски потврдена невроинвазивна форма на вирусот Западен Нил. Како што информираше директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, пациентот имал и повеќе придружни заболувања.

Западно нилска треска e вектор-пеносливо вирусно заболување предизвикано од West Nile Virus (WNV). Луѓето и коњите се случајни, крајни домаќини на заболувањето. Инфекцијата помеѓу нив се пренесува преку комарците. Луѓето и цицачите, а особено коњите се случајни домаќини и имаат ограничена улога во природниот циклус. Луѓето најчесто се заразуваат по каснување од заразен комарец. Болеста од човек на човек не се пренесува, ако се исклучи можноста за пренесување преку трансфузија и трансплантација. Периодот на инкубација вообичаено трае од 3 до 14 дена. Околу 80 проценти од инфекциите кај луѓето поминуваат без манифестација на симптоми. Останатите 20 проценти симптоматски инфекции, најчесто се манифестираат како треска која поминува сама од себе, а помалку од 1 процент од WNV-инфекциите кај луѓе се манифестираат со сериозни форми, со тешка клиничка слика и се потенцијално смртоносни (на пример воспаление на мозокот, воспаление на мозочните обвивки или појава на парализи).

Не постои специфична терапија, а третманот главно е насочен кон лекување на симптомите. Соодветната интензивна медицинска нега дава можност за поголемо преживување на заболените со тешки форми. Кај тешките случаи, стапката на смртност е од 3-15 проценти и се зголемува кај повозрасните.

Опоравувањето кај потешките форми е долготрајно, со перзистентен умор, слабост на мускулатурата, тешко одење, загуба на помнењето, депресии и слично. Не постои вакцина за луѓето. Најдобар начин за превенција е избегнување на убод од комарци кои се преносители на заболувањето.

Комарците навистина пренесуваат бројни инфекции, меѓу кои маларија, денга, Зика, жолта треска и западнонилска треска. СЗО наведува дека векторски преносливите болести сочинуваат повеќе од 17 проценти од сите заразни болести и предизвикуваат повеќе од 700.000 смртни случаи годишно.

Не е точно дека во ковид пандемијата „луѓето за џабе се вакцинирале“, ковид-вакцините потврдено и докажано имаа клучна улога во ставањето на пандемијата под контрола. „Вистиномер“ веќе има пишувано дека вакцините против ковид спречија многу смртни случаи. Пандемијата беше реална а не измислена.

Ковид-19 не беше измислен настан, туку пандемија со мерливи последици врз смртноста и здравствените системи. Светската здравствена организација процени дека во периодот 2020–2021 година со пандемијата биле поврзани околу 14,9 милиони прекумерни смртни случаи, при што проценката ги опфаќа и директните смртни случаи од ковид-19 и индиректните последици од преоптоварените здравствени системи. Епидемиолозите и стручните медицински лица кои промовираа вакцинација, не придонеле кон жртви туку кон зачувување на здравјето на луѓето.

Актуелните препораки на СЗО и натаму наведуваат дека вакцините против ковид-19 обезбедуваат заштита од тешка болест и смрт. СЗО во 2026 година препорачува рутинска вакцинација особено за групите со најголем ризик од тешка форма на ковид-19.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција