Интервју на Јулија Мендел кај Такер Карлсон: Тешки обвинувања кон Зеленски, но без цврсти докази
Мендел, која беше прес-секретарка на Зеленски од 2019 до 2021 година, претходно изнесе низа контроверзни обвинувања против високи украински функционери. Новинарот Такер Карлсон е озлогласен по ширењето на дезинформации од (про)руски извори низ американскиот медиумски простор, што како штетно странско влијание доаѓа и кај нас.
Мендел, која беше прес-секретарка на Зеленски од 2019 до 2021 година, претходно изнесе низа контроверзни обвинувања против високи украински функционери. Во претходните интервјуа, таа го обвини шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, за вклучување во „магични ритуали“ поврзани со гробишта и „мртва вода“, додека тврдеше дека се плаши за својот живот поради него – повторно без да даде докази. Новинарот Такер Карлсон е озлогласен по ширењето на дезинформации од (про)руски извори низ американскиот медиумски простор, што како штетно странско влијание доаѓа и кај нас
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Поранешната прес-секретарка на украинскиот претседател, Јулија Мендел, беше додадена на „црната листа на веб-страницата „Миротворец“ по интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон. Јулија во интервјуто изјави дека Зеленски се согласил да се откаже од Донбас за време на преговорите со Русите во 2022 година. Таа, исто така, изјави, повикувајќи се на луѓе од околината на Зеленски, дека тој користи тешка дрога – кокаин. Инаку, моите објави од нејзиното интервју и делови од интервјуто од разговорот со Такер ФБ едноставно не ги врти. Глобалистите го штитат Зеленски и сакаат да го потиснат фактот дека оваа храбра жена, како службена личност, и открила сè на јавноста.
Интервјуто на Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател, во популарниот подкаст на американскиот новинар Такер Карлсон, предизвика силни реакции и во Украина и во западните медиуми. Мендел изнесе сериозни обвинувања кон украинскиот претседател Володимир Зеленски – од наводи за подготвеност да се „откаже од Донбас“ во 2022 година, до тврдења за корупција и употреба на кокаин во врвот на украинската власт.
Но што од тоа е потврден факт, а што останува непроверено тврдење?
Делот од приказната дека Мендел е додадена на „црната листа“ на веб-страницата „Миротворец“ е потврден од повеќе извори. Украинската агенција Interfax-Ukraine објави дека Мендел била додадена во базата на „Миротворец“ (Myrotvorets ) по интервјуто со Карлсон.
Во описот на профилот биле наведени обвиненија како: „ширење руски пропагандни наративи“,
„манипулација со општествено значајни информации“, „учество во информативно-психолошки операции во корист на Русија“.
Сепак, важно е да се нагласи дека „Миротворец“ не е официјална државна институција на Украина, иако со години се поврзува со украински националистички и безбедносни кругови. Западни фактчекери претходно потврдиле дека страницата постои и објавува лични податоци на лица што ги смета за „непријатели на Украина“, но нема официјален доказ дека директно ја контролира украинската влада.
Jавниот настап на Јулија Мендел драстично се промени по напуштањето на кабинетот на Зеленски. Мендел беше портпаролка на Зеленски од 2019 до 2021 година. Во тој период таа јавно го бранеше Зеленски, зборуваше против руската агресија и во својата книга го претставуваше како лидер ориентиран кон мир и бранител на суверенитетот на Украина.
Но во интервјуто кај Карлсон, таа го нарекува Зеленски „една од најголемите пречки за мир“, тврди дека украинската власт профитира од војната и сугерира дека Украина е водена кон катастрофа.
Украински аналитичари и дел од медиумите оценуваат дека нејзините настапи почнале да се совпаѓаат со наративи што често ги користи Кремљ: дека Западот ја продолжува војната, дека Зеленски е диктатор, дека Украина пропаѓа и дека мировниот договор бил саботиран.
Во март и април 2022 година, Украина и Русија навистина водеа сериозни мировни преговори во Истанбул. Постоел нацрт-договор познат како „Истанбукл протокол“ („Istanbul Protocol“). Дел од неговата содржина подоцна ја анализираа медиуми и аналитички организации. Главните точки на разговорите биле Украина да остане неутрална држава, да не влезе во НАТО, да добие безбедносни гаранции од повеќе држави, ограничувања на украинската војска и разговори околу окупираните територии.
Но, нема јавен доказ дека Украина официјално прифатила „да го предаде Донбас“.
Отстапувањето на регионот Донбас наводно било меѓу прашањата дискутирани за време на повеќе рунди од мировните преговори во 2022 година, иако останува нејасно дали е постигнат некаков договор. За време на преговорите, Украина наводно понудила неутралност во замена за безбедносни гаранции и враќање на анектираните територии, вклучувајќи ги Донбас и Крим. Сепак, еден нацрт-договор по разговорите на 29 март во Истанбул наводно предвидувал руско повлекување од неколку украински региони, додека Крим и Донбас остануваат под контрола на Москва, според локалниот медиум „Европска правда“ во тоа време, пишува Киев пост.
Тврдењата дека Зеленски користел кокаин е најслабо поткрепениот дел од интервјуто. Мендел тврди дека употребата на кокаин била „отворена тајна“, но истовремено признава дека лично никогаш не го видела Зеленски да користи дрога.
До денес нема медицински докази, нема официјални истраги, нема независни потврди од кредибилни медиуми. Слични наративи за дрога околу западни и украински лидери повеќе пати биле поврзувани со пропагандни и дезинформациски кампањи.
Мендел, која беше прес-секретарка на Зеленски од 2019 до 2021 година, претходно изнесе низа контроверзни обвинувања против високи украински функционери. Во претходните интервјуа, таа го обвини шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, за вклучување во „магични ритуали“ поврзани со гробишта и „мртва вода“, додека тврдеше дека се плаши за својот живот поради него – повторно без да даде докази.
Новинарот Такер Карлсон е озлогласен по ширењето на дезинформации од (про)руски извори низ американскиот медиумски простор, што како штетно странско влијание доаѓа и кај нас. За тоа повеќе прочитајте во анализата на Вистиномер.
Од сето ова можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар