Иранскиот ајатолоах Хамнеи не е жив

Ali Hamnei Foto> Khamenei.ir, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Изјавата која што се атрибуира е дадена без делот кој го цитира „Скај Њуз“, а кој Вистиномер го пронајде во оригиналниот напис. Во тој напис цитатот пренесен од „Скај Њуз“ и потенциран во наводници е – „колку што јас знам“.

Изјавата која што се атрибуира е дадена без делот кој го цитира „Скај Њуз“, а кој Вистиномер го пронајде во оригиналниот напис. Во тој напис цитатот пренесен од „Скај Њуз“ и потенциран во наводници е – „колку што јас знам“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Портпарол на иранското Министерство за надворешни работи: Хамнеи е жив и во многу добра здравствена состојба. -СкајЊуз

Изјавата која што се атрибуира е дадена без делот кој го цитира „Скај Њуз“, а кој Вистиномер го пронајде во оригиналниот напис. Во тој напис цитатот пренесен од „Скај Њуз“ и потенциран во наводници е – „колку што јас знам“. Конкретниот напис на Скај Њуз почнува со насловот:

„Колку што јас знам“, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи е сè уште жив: ирански министер за надворешни работи.

На 28 февруари 2026 година, Али Хосеини Хамнеи, врховниот лидер на Иран, беше убиен во серијата израелски ракетни напади околу Техеран насочени кон високи ирански функционери. Смртта на Хамнеи беше потврдена од иранската влада на 1 март.

Неговата смрт се случи како дел од поширока заедничка операција на САД и Израел , користејќи разузнавачки податоци за стратешки локации од Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) за да се утврди каде се наоѓаат неколку лидери.

Иран прогласи 40-дневна жалост по убиството на Хамнеи во американско-израелскиот напад.

Во нападите во саботата беа убиени и високи безбедносни функционери, заедно со ќерката, зетот и внукот на Хамнеи. Убиствата се еден од најзначајните удари врз раководството на Иран од Исламската револуција во 1979 година.

Известувајќи од Техеран, Тохид Асади од Ал Џезира рече дека луѓето се излеваат на улиците на главниот град по веста за убиството на Хамнеи. Имаше извештаи за протести и за прослави во Иран, односно реакциите на граѓаните беа поделени.

Ајатолахот Али Хамнеи, врховен лидер на Иран од 1989 година, беше убиен во израелски воздушен напад на 86-годишна возраст. За време на неговото владеење, тој се бореше жестоко за да ја спречи модернизацијата на Исламската Република. Врховниот лидер на Иран одржуваше теократска власт дома и антизападна оска на отпор на Блискиот Исток.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција