Исен Асани
Исен Асани, градоначалник на Општина Теарце
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Исен Асани е роден на 20 јануари 1967 година во село Доброште. Оженет е и татко на две деца. Сака да слуша музика, да чита книги, да скија и да планинари.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно образование завршил во родното село во ОУ „Фаик Коница“, а потоа ССОУ во „Моша Пијаде“ во Тетово. Во 1994 година завршил Филозофски факултет, отсек Историја, на Универзитетот во Приштина, а од 2008 година е на магистерски студии на Државниот универзитет во Тетово.
Зборува италијански и македонски јазик.
КАРИЕРА
Од 1994 година до 1995 година бил професор по историја во ОУ „Фаик Коница“, а од 1998 година до 2009 година професор по историја во ССОУ „Моша Пијаде“ во Тетово.
На локалните избори во 2009 година првпат беше избран за градоначалник на Општина Теарце. Четири години подоцна, на локалните избори 2013 година го доби вториот градоначалники мандат, а на последните локални избори во октомври 2017 година по третпат стана градоначалник на оваа Општина.
ИЗВОРИ:
Википедија –Локални избори во Македонија (2009)
Википедија -Локални избори во Македонија (2013)
Википедија –Локални избори во Македонија (2017)
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар