Исмаил Јахоски

 

Исмаил Јахоски  e градоначалник на Oпштина Пласница, ова е негов петти градоначалнички мандат во Општината

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Исмаил Јахоски е роден на четврти март 1963 година, во Пласница. Женет е и има четири деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно училиште завршил во Пласница, а потоа завршил средно економско училиште.

 

КАРИЕРА

Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма.

Од 1993 година основал сопствена претпријатие „Пуцко-Петрол“ кое располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности. Во него има повеќе од 100 вработени.

На локалните избори во 1996 година првпат бил избран за градоначалник на Општина Пласница, повторно го добил градоначалничкиот мандат во 2000 година, по третпат станал градоначалник во 2009 година, а по четврипат во 2013 година.

На локалните избори кои се одржаа на 15 октомври 2017 година петтипат бил избран за градоначалник на Општина Пласница.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Пласница: Градоначалник

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција