Исполнето: Во Капиштец отворен Дневен центар за лица со интелектуална попреченост

Qendra ditore gjendet në rrugën "Vasil Gjorgjov" nr.4 mes Agjencisë së punësimit dhe Qendrës për ortotikë dhe protetikë "Slavje". Foto. Printskrin

ПРОЕКТ: „ПОДДРШКА ЗА ОТВОРАЊЕ ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА СПРЕЧЕНОСТ “ 

 Една од приоритетните насоки на Градот Скопје во поглед на подобрување на квалитетот на живот на лицата со посебни потре би ќе биде поддршка за отворање дневни центри за лица со интелектуална спреченост, како модел за квалитетна грижа и помош на лицата и на нивните семејства. Дневните центри ќе обезбедат поддршка на лицата со интелектуална спре- ченост на дневна основа, обука за усвојување и за усовршување вештини за самостојно живеење, работно-окупациски програми, образовни програми и социјални активности, оспособување за одредени работни активности, кои би можеле да придонесат за нивно осамостојување во натамошниот живот, комуникација и социјализација во група и надвор од неа. Дневните центри за лицата со интелектуална спреченост ќе претставуваат значаен сегмент во социјалното интегрирање на оваа категорија на лица и се очекува придобивките од функционирањето на центрите да бидат големи и значајни, како кај лицата со спреченост, така и кај нивните семејства. ( Рок: 2014-2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „ПОДДРШКА ЗА ОТВОРАЊЕ ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ИНТЕ ЛЕКТУАЛНА СПРЕЧЕНОСТ “,  е исполнето ветување на градоначалникот на Скопје,  Коце Трајановски, дадено во  неговата  Изборната програма  (2013-2017) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“,( во делот Социјална заштита, стр. 41).

Новиот Дневен центар за лица со интелектуална попреченост почна да работи  летото 2015 година во населбата Капиштец  во Скопје,  шест месеци пред  крајниот рок за реализација наведен во Програмата ( декември 2015). Инаку,  ова е втор центар од ваков тип во главниот град, првиот се наоѓа во населбата Аеродром.

На 10 јуни 2015 година градоначалникот Трајановски и тогашниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, го отворија новиот Центар за лица со интелектуална попреченост . Во оваа пригода Трајановски, меѓу другото, рече дека станува збор за:

Центар кој треба да обезбеди дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација, советодавна работа и услуги на организирано поминување на времето на лицата со попреченост во интелектуалниот развој. Во дневниот центар во кој ќе бидат опфатени  лица со умерена и тешка интелектуална попреченост на возраст над 18 години, ќе се изведуваат програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, но ќе има и програма за групни активности, како и работа со родителите на корисниците. Сево ова ќе овозможи оспособување за самостојно живеење, социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во локалната заедница, работно-окупациони активности, практични и социјални активности…

Сакам да потенцирам дека Град Скопје и натаму ќе продолжи да ја дава својата финансиска поддршка за двата дневни центри, центарот во Аеродром (со  2.000.000 денари) и новиот во Капиштец (400.000 денари), преку обезбедување средства во Буџетот на Градот, на годишно ниво.   (Трајановски)

Спасов тогаш информира дека помогнале со обезбедување на објектот и реновирање се до ставање во функција.

Овој Центар ќе биде поддршка за родителите на лицата со интелектуална попреченост и одлична форма на вонинституционална заштита и згрижување на овие лица. Нивниот ден ќе биде исполнет со значајни содржини и програма која ќе им помага секој ден да ги унапредуваат своите вештини и да се снаоѓаат во секојдневниот живот.(Спасов)

 Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост е лоциран на улица Васил Ѓоргов” бр.4  во Капиштец, меѓу Агенцијата за вработување и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“.

Овој проект  се споменува меѓу реализираните ветувања на градоначалник Трајановски во неговиот  Отчет   за 2015 година (стр.26), каде , меѓу другото, пишува дека :

Отворањето на Дневниот центар (10.06.2015) е резултат на партнерството меѓу Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост -„Порака“, Министерството за труд и социјална политика и Град Скопје.

Во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Порака“, во населбата Капиштец, оваа есен беше отворена и реновирана работилница за спортски и креативни активности. Финансиските средства за уредување на работилница та во износ од 280.000 денари беа обезбедени од Меѓународниот базар организиран од невладината организација „Добредојде“ – Macedоnia welcome centar, како и од Градот Скопје.

 

ЛИНКОВИ:

 

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција