Историјата не се повторува, фашизмот нема допирна точка со ЕУ
Фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија
Фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија
Анализираме објава на Фејсбук која посочува дека Европската Унија е фашистичка и честитајќи го празникот 11 Октомври вели:
Историјата се повторува! Среќен празник Македонијо! Смрт на фашизмот, слобода на народот!
Тврдењето дека Европската Унија е фашистичка и дека историјата се повторува, не е точно.
Откако во голем број европски земји беа одржани избори за претставници во Европскиот парламент на коишто доминираше десницата, во објави на социјалните мрежи, како што е случајот и со објавата што е предмет на нашата анализа, се засили наративот дека ЕУ е фашистичка во своите темели.
Ова не само што не е вистина, туку реалноста е сосема спротивна.
Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер, централизирана автократија, милитаризам, насилно потиснување на опозицијата, верување во природна општествена хиерархија, подреденост на индивидуалните интереси за доброто на нацијата или расата и силен режим на општеството и економијата.
Фашизмот ги отфрла тврдењата дека насилството е негативно или бесмислено, наместо тоа ги гледа империјализмот, политичкото насилство и војната како средства за национално освежување.
Фашизмот се залага за воспоставување на тоталитарна еднопартиска држава, при што авторитаризамот и национализамот често се манифестираат како верување во расна чистота или господарска раса, обично помешани со некоја варијанта на расизам или дискриминација на демонизираниот „Друг“, како што се Евреите, хомосексуалците, етничките малцинства или имигрантите. Овие идеи ги мотивираа фашистичките режими да вршат масакри, присилни стерилизации, депортации и геноциди.
Европската Унија, спротивно на постулатите на фашизмот, е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Со ЕУ управуваат институции кои меѓу другите ги вклучуваат Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот совет. Одлуките се носат низ демократски процеси, при што земјите-членки имаат застапеност и збор во креирањето политики. Европскиот парламент се избира на демократски избори кои се одржуваат во земјите членки, а тој потоа ја избира Европската комисија.
ЕУ става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. Таа има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна, пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права.
ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. ЕУ се залага секоја земја членка да го задржи своето културно наследство, но и да се развијат меѓународни културни односи, што е видливо од стратегијата презентирана од Европската Комисија насловена како Towards an EU Strategy for International Cultural Relations, чија цел е да се поттикне културна соработка меѓу ЕУ и нејзините партнерски држави. Оваа стратегија ја потенцира заложбата на ЕУ да се негуваат меѓународни културни односи со партнерства и интеракции и да се промовираат различните култури на земјите членки преку културна дипломатија.
Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија.
На 25.10.2018 година, Европскиот парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи.
Европскиот парламент ги повика земјите членки јасно да ги осудат и санкционираат криминалот од омраза, говорот на омраза од страна на политички фигури кои користат омраза и насилство. Исто така, оттаму додадоа дека е потребно земјите членки да се спротивстават на ширењето на расизам, фашизам, ксенофобија преку интернет во соработка со компании за социјални мрежи. Се предлага и земјите членки на ЕУ да состават програми со кои ќе може да им се помогне на индивидуите кои се дел од насилни неофашистички и неонацистички групи, да се одделат од нив и да ги напуштат.
Од ова станува јасно дека заложбите на Европската Унија не само што не се фашистички, туку и цврсто се темелат на антифашистички политики, препораки и дејствија.
Фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар