Истражување на „Метаморфозис“: Изборниот систем останува потенцијален извор на криза во Северна Македонија

Изборниот систем на Северна Македонија бележи подобрувања во 2020 година во однос на лани, кои главно се однесуваат на повеќе измени во Изборниот законик од февруари годинава. Но, сепак, поради стариот изборен модел кој сè уште е на сила, изборниот систем и натаму може да се смета како потенцијален извор на политички кризи

 

Ова е главниот наод од истражувањето на Метаморфозис спроведено во текот на мај 2020, во рамките на регионалниот проект во кој се согледува степенот на напредокот на земјата во однос на пет клучни области за пристапување кон ЕУ – изборен систем, администрација, борба против организиран криминал и корупција, правосудство и состојбите во медиумскиот сектор.

Со последните измени на Изборниот законик направени се извесни подобрувања, пред сè, во регистрацијата на избирачите, во процедурите за гласање и во проширување и прецизирање на надлежностите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), врз контролата на финансиите.

Но, сепак, изборниот модел остана со шест изборни единици (во земјата) и со пропорционално собирање на резултатите, фаворизирајќи ги само големите партии, што ја намалува партиципативноста на граѓаните и циклично предизвикува политички кризи.

Голем дел од препораките на експертите од минатогодишното истражување остануваат во сила, особено за промена на изборниот модел, за изготвување целосно нов Изборен законик, за подобрување на Избирачкиот список, за исклучување или моделирање на системот на буџетско финансирање на изборните кампањи во медиумите и други.

Дополнително, организирање избори во услови на пандемија, т.е епидемија со корона вирусот, бара многу посериозен пристап, со сите обмислени детали, за да се избегне опасноста по гласачите и другите учесници во изборниот процес.

Истражувањето е изготвено согласно достапните податоци до крајот на мај 2020 година. Тоа е спроведено во рамки на регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора. Проектот е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД.

Истражувањето можете да го прочитате на линкот означен тука

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција