Истражување објавено на веб-страница што шири дезинформации, претставенo како големо научно отритие

ПЦР тест Фото: Herusutimbul, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Наводите на германските научници изнесени во овој напис, не се официјално научно признато откритие, ниту пак се објавени во рецензирано научно списание.

Наводите на германските научници изнесени во овој напис, не се официјално научно признато откритие, ниту пак се објавени во рецензирано научно списание. Тврдењето дека ПЦР тестовите давале масовни лажно-позитивни резултати е во спротивност со научниот консензус, клиничките студии и праксата во сите здравствени системи

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Германски научници: Само еден од седум позитивни PCR тестови бил всушност заразен.

Објавата споделува и напис од веб-страницата Слободен свет, позната по ширење дезинформации, во кој се посочува дека германските истражувачи Михаел Гинтер и Роберт Рокенфелер за првпат покажале, врз основа на официјални податоци, дека за време на пандемијата ковид-19, само еден од седум позитивни ПЦР тестови всушност укажувале на инфекција со ковид-19. Во написот се додава дека своите наводи овие научници ги изнеле во интервју за Мултиполар (инаку овој веб-сајт е познат во Германија како медиум што често објавува контроверзни или научно неподржани тврдења).

Наводите на германските научници изнесени во овој напис, не се официјално научно признато откритие, ниту пак, се објавени во рецензирано научно списание.Тврдењето дека ПЦР тестовите давале масовни лажно-позитивни резултати е во спротивност со научниот консензус, клиничките студии и праксата во сите здравствени системи.

Гинтер и Рокенфелер не се „популарни теоретичари на заговор“, барем според нивната академска биографија: Гинтер има медицинско/психијатриско образование, а Рокенфелер е математи­чар со научна кариера. Тврдењата што ги направиле (според Мултиполар) за ПЦР тестовите, доаѓаат како дел од нивна анализа базирана на официјални податоци, но тоа не значи дека нивните заклучоци се прифатени од широка научна заедница.

Нивните тврдења се наоѓаат само во Мултиполар како самопубликуван анализен документ и не се научна публикација со peer-review.

Ниту една од следниве институции не ја поддржала нивната интерпретација дека само еден од седум позитивни ПЦР тестови бил всушност заразен: германскиот RKI (Robert Koch Institute), германското здружение за вирусологија, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), СЗО, ниту водечките списанија (Nature, Lancet, Science, JAMA…)

Научниот консензус останува ист: ПЦР тестовите имаат многу висока специфичност и лажно-позитивните резултати се многу ретки.

ПЦР тестот, којшто се применуваше насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од Светската здравствена организација (СЗО). Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега. Потоа овој примерок под посебни услови се праќа на испитување во лабораторија.

Причината за неточен тест може да биде лошото или недоволно земање на брис примерок, заради невнимание или нестручност на лабораториски техничари или заради загаденост на примерокот во различни стадиуми во подготовката. Дополнително, доколку луѓето се тестираат при самиот почеток на инфекцијата, можни се лажно негативни резултати.

Овие тестови, кои ги бараат знаците на активната инфекција, се безбедни и се најверодостоен начин да се дознае дали некој е моментално заболен.

ПЦР тестот е префериран метод за тестирање ковид-19 насекаде во светот. Портпаролот на англискиот институт за јавно здравје за „Ројтерс“ вели дека:

Молекуларните дијагностички тестови, како што е ПЦР,  се златен стандард како метод за идентификување лица со активна вирусна инфекција, како што е Сарс Ков 2 (причина за болеста ковид-19), во респираторниот тракт. Овие тестови се брзи и даваат резултати во реално време.

Важно е да се забележи дека детекцијата на вирусниот материјал со ПЦР не значи дека вирусот е целосно недопрен и заразен, односно способен да предизвика инфекција кај други луѓе. Изолацијата на инфективниот вирус од позитивни лица бара понатамошни методи. Овие методи може да се спроведат само во лаборатории со специјални услови и се долготрајни и комплексни.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција