Истражување за временските услови правено пред пандемијата, злоупотребено да се нападнат вакцините
Во текстот чиј наслов е прикажан во склоп на постот без да се посочи и линкот до него, воопшто не се разгледуваат ненадејни смртни случаи кои настануваат како резултат на вакцина. Ниту пак, во истражувањето споделено во Вајс, во кое има примерок од смртни случаи од изминатите 38 години заклучно со 2017 година се споменуваат вакцините. Тие луѓе кои се дел од истражувањето, воопшто не би можеле да бидат вакцинирани против ковид-19, зашто во 2017 немаше ниту ковид , ниту вакцина. Па корелацијата меѓу ковид вакцината и смртноста за која се говори во постот, воопшто не е воспоставена на фактички темели
Во текстот чиј наслов е прикажан во склоп на постот без да се посочи и линкот до него, воопшто не се разгледуваат ненадејни смртни случаи кои настануваат како резултат на вакцина. Ниту пак, во истражувањето споделено во Вајс, во кое има примерок од смртни случаи од изминатите 38 години, заклучно со 2017 година, се споменуваат вакцините. Тие луѓе кои се дел од истражувањето, воопшто не би можеле да бидат вакцинирани против ковид-19, зашто во 2017 немаше ниту ковид, ниту вакцина. Па корелацијата меѓу ковид вакцината и смртноста за која се говори во постот, воопшто не е воспоставена на фактички темели
Климатските промени се виновникот за зголемената ненадејна смртност?„Овој страшен феномен станува секојдневен поради климатските промени.Научниците испитуваат температури од кои луѓето ненадејно умираат со зголемено темпо.“ (превод)Постирано од Австралискиот Сенатор Gerard RennickВие кои хистеричевте и поддржувавте инјектирање, посебно монструмите во бели мантили…Колку и да молчите и да се преправате дека не се случува ништо не може да го игнорирате фактот дек се случува огромна ,,ненадејна” смртност изминативе две години од почетокот на инјектирањето.Овој трагичен факт не можат да го игнорираат ни тие кои ја наметнаа инјектираната „ненадејна“ смртност на млади луѓе, па со вакви „научни истражувања“ виновникот го лоцираат во климатските промени.
Дури и ако се во совршено здравје, дури и ако седат под сенка, ако носат облека што е лесна, дури и ако имаат неограничени количини вода за пиење, ако нема доволно влажност во воздухот, термодинамички е неможно да се спречи прекумерното загревање на човековото тело, се вели во текстот.
Така што, во текстот чиј наслов е прикажан во склоп на постот, воопшто не се разгледуваат некакви ненадејни смртни случаи коишто се случуваат како резултат на вакцина. Ниту пак, во истражувањето споделено во Вајс, во кое има примерок од смртни случаи од изминатите 38 години заклучно со 2017 година (кога немаше ни ковид ни вакцина) се споменуваат вакцините. Тие луѓе кои се дел од истражувањето, воопшто не би можеле да бидат вакцинирани против ковид-19, зашто во 2017 немаше ниту ковид , ниту вакцина. Па корелацијата меѓу ковид вакцината и смртноста за која се говори во постот, воопшто не е воспоставена на фактички темели
Понатаму, основата на истражувањето од текстот е за временски услови познати како wet bulb, кога влажноста на воздухот е висока, а исто така и температурата е висока, па се оневозможува механизмот на потење поради што настапуваат смртните случаи кои се разгледуваат.
Во текстот на Вајс се вели:
Потењето е неопходна функција за справување во топлите денови. На површината на кожата, какпките пот може да станат доволно топли да се претворат во пареа и да испарат, на тој начин елиминирајќи ја жештината и овозможувајќи внатрешната температура на телото да се снижи. Во влажни денови, водата којашто нашите тела ја емитуваат, останува внатре, станувајќи сè потопла, без да испари во пареа. Замислете што се случувуа во соба со пареа, кога вашето тело собира пот наместо да ја елиминира, додека топлината не стане толку неподнослива што мора да излезете надвор.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар