Иван Франгов


Warning: Use of undefined constant vetuvanja - assumed 'vetuvanja' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 653

Иван Франгов веќе два мандата е градоначалник на општина Гевгелија.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Иван Франгов е роден на 09.12.1969 година во Гевгелија.

Со сопругата Евгенија  имаат две деца, Симеон и Анастасија.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во мај 1994 година, на насоката Надворешна трговија и маркетинг.

 

КАРИЕРА

Веднаш по дипломирањето се вработува во приватната фирма „Технопродукт“ од Гевгелија, каде останува до 2002 година. Од 2002 година до август 2007 година работи во приватната компанија „Солун 53“ АД Гевгелија, прво како раководител на маркет, а потоа како извршен член на одборот на директори.

Од септември 2007 година е именуван за раководител на Даночно одделение во Управа за јавни приходи во Гевгелија.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

На локалните избори во 2009 година бил избран за градоначалник на општина Гевгелија.

Бил избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС, а како претставник од ЗЕЛС е заменик –делегат во Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа и заменик делегат во Заедничката консултативна комисија меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија.

На локалните избори, во 2013 година, по втор пат граѓаните на општина Гевгелија му ја дадоа довербата да раководи со општината.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Општина Гевгелија – Биографија на градоначалникот

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција