Учениците во Миравци добија нова спортска сала

Фото: Влада на РМ

 Проект: Изградба на училишна спортска сала во ОУ „Климент Охридски“. Заради поттикнување правилен психофизички развој и поттикнување на спортскиот и на натпреварувачкиот дух кај младите, како дел од проектот „145 спортски сали“, во соработка со централната власт ќе изградиме спортска сала во ОУ „Климент Охридски“ во Миравци. (Рок на реализација: 2013–2015 година )

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на училишна спортска сала во ОУ „Климент Охридски“ во Миравци е исполнето ветување на градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов. Проектот е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гевгелија“ (стр.22).

Kамен-темелникот на новата училишна спортска сала во основното училиште „Климент Охридски“ во Миравци, бил поставен на 22.03.2013 година. Салата, како што најавија од Владата, е дел од владиниот проект за изградба и опремување на 145 спортски сали.

Министерството за образование и наука соопшти дека салата ќе биде изградена со 24 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Република Македонија и Банката за развој при Советот на Европа. Ќе располага со гардеробери, туш-кабини, санитарни јазли, простории за сместување на спортските реквизити, како и посебни простории за наставниците.

На 25.07.2014 година, на официјалната веб – страница на Општина Гевгелија беше објавена информација дека започнале изведбените работи на новата училишна спортска сала во основното училиште „Климент Охридски“.

Училишната спортска сала во Миравци ќе располага со гардеробери, туш-кабини, санитарни јазли, простории за сместување на спортските реквизити, како и посебни простории за наставниците.

На 23.02.2015 година, порталот Република информира дека бил поставен бетонскиот постамент врз кој ќе се гради новата спортска сала.

Објектот ќе биде отворен и за воннаставни активности односно за одржување натпревари, како и за рекреација на жителите.

На 01.12.2015 порталот gvglive.mk објави дека спортската сала во с.Миравци е во завршна фаза.

Новата училишна спортска сала во Миравци е во завршна фаза. Наскоро учениците од ООУ „Климент Охридски“, како и другите спортисти, во ова населено место ќе можат да го користат овој нов спортски објект.

Спортската сала била свечено пуштена во употреба на 12.02.2016 година

Денес во 13:00 часот свечено ќе биде пуштена во употреба спортската сала во Миравци која се наоѓа во училишниот двор на ООУ „Климент Охридски“. Спортската сала е дел од проектот изградба на 145 спортски сали во земјата, јави gvglive.mk

На 30.10.2016 година, локалната самоуправа на Гевгелија ги презентирала пред претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, проектите во Гевгелиско кои биле завршени и оние кои биле во тек. Како што објави Нова Македонија, Груевски при престојот на Гевгелиско ја посетил и новоизградената спортска сала во ОУ „Св. Климент Охрдиски“ во Миравци.

Спортската сала во Миравци како завршен проект, се спомнува и во објава на официјалната веб – страница на Општината на 31.03.2017 година, во која се посочува дека се подобрени условите за настава во сите училишта во Гевгелија.

Покрај ова, учениците во ООУ„Климент Охридски“ во Миравци добија нова училишна спортска сала, изградена со средства од програмата на Владата на РМ.

Имајќи го предвид сето ова, може да се каже дека ветувањето на градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, за изградба на училишна спортска сала во ОУ „Климент Охридски“ во Миравци е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција