Ивица Димитров
Ивица Димитров e градоначалник на Oпштина Виница
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Ивица Димитров е роден на 30 април, 1983 година во Виница. Оженет e и татко на две деца. Го сака спортот, особено кошарката која претставува негово омилено хоби.
ОБРАЗОВАНИЕ
Дипломирал на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип каде се стекнал со звањето инженер – технолог.
Во 2009 година следел обуки и семинари во компанијата Bezema во Швајцарија, каде се стекнал со сертификат за боење на текстилни материјали. Во 2010 година и во 2011 година добил сертификат за перење и штампање на текстилни материјали во Либерец, Република Чешка, во компанијата Huntsman.
Во 2016 година добил награда за најдобар технолог инженер за фарбање, перење и печатење на текстилни материјали во Република Македонија.
КАРИЕРА
Од 2007 година до 2012 година работел како раководител во одделението за фарбање и печатење во фабриката за трикотажа „Зона Трико“ во Виница,
Од 2013 до 2017 година е главен технолог за производство во Модната групација „ИНТ–Трејд“ од Кочани.
Пред да биде избран за градоначалник на Општина Виница бил директор на Државен комунален инспекторат на Република Македонија .
На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Виница.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Виница: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар