Ивица Коневски: „Социјални субвенции“ е задоцнет проект

„СДСМ доцни неколку години, бидејќи Градот Скопје и Битола и многу други градови повеќе години ги субвенционира и ослободува граѓаните, кои што се корисници на постојана парична помош, не само за плаќање на комунална такса, туку и при користење на вода од водоводните системи.“ [Датум: 20.12.211 | Извор: Телма Телевизија]

Образложение:

Во буџетот на град Скопје за претходните 2 години, стои дека за 2010 и 2011 година за социјални бенефиции се одвојуваат по само 200 000 денари, што е навистина премалку, со оглед на тоа дека градоначалниците од редовите на СДСМ најавуваат помош од 36 милиони за секоја општина. Исто така, во буџетот на ниедно место не се спомнува ваква помош како посебна ставка, а во развојниот дел на буџетот од оваа година планиран за периодот од 2011 – 2013, во програмата за социјална заштита стои: „Продолжувањето на проектот за обезбедување непречен пристап до сите установи под надлежност на Град Скопје, се планира да продолжи преку поставување на платформа за скали и лифт за лица со посебни потреби; како и отпочнување на реализација на проектот Центар за рехабилитација и ресоцијализација на лица кои се зависни од дроги“, и повторно не се спомнува ништо за ваква помош.

Во буџетот на општина Битола, во расходниот дел за 2011 година, за социјални бенефиции се одвојуваат 2 700 000 денари, што исто така е премала сума, а повторно на ниедно место, како посебна ставка не се споменува ваквата помош.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција