Реновирана е спортската сала во ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Спортската сала во ОУ „Љубен Лапе“ Фото: Општина Аеродром

Проект: Реконструкција на спортската сала во ОУ „Љубен Лапе“

Опис на проектот: Реконструкцијата ќе опфати замена на под, дрвена стола- рија, спортски реквизити, реконструкција на електрична инсталација, венти- лација и реконструкција на гардероби и санитарни јазли во склоп на салата. (Средства: 2.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: септември 2013 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Спортската сала  во ОУ „Љубен Лапе“ е реконструирана летото  2013 година.  Ова е исполнето ветување на градоначалникот на Општина Аеродром  Ивица Коневски, дадено во неговата Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Образование и наука , стр.22).

Во февруари 2013 година, во предизборието за локалните избори кои се одржаа во март 2013 година, медиумите информираа дека градоначалникот Коневски, заедно со тогашниот министер за образование и наука, Панче Кралев и поранешниот директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски,  го промовираа проектот за реконструкција на спортските сали во основните училишта „Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“.

Коневски тогаш изјави:

Со оваа крупна инвестиција, очекуваме основните училишта целосно да се модернизираат, а учениците конечно да добијат соодветни услови за спортување на местата каде што го челичат своето здравје 

Во јуни 2013 година имаше информација дека ќе стартува реконструкцијата на салите во споменатите основни училишта во Општина Аеродром.Тогаш беше пренесена изјава од градоначалникот Коневски во која вели:

Ќе се изврши реконструкција на спортските сали, соблекувалните и просториите за реквизити, ќе се реконструираат покривите на спортските сали во некои училишта, ќе се промени внатрешната столарија, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се постават заштитни решетки на прозорците и вратите, а ќе се заменат и подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Ќе се молерисуваат ѕидовите и плафоните, а ќе се реконструира и водоводната, канализациската и електричната инсталација (Коневски)

На крајот на август 2013 година медиумите информираа дека е во завршната фаза проектот за реновирање на спорткисте сали на основните училишта во оваа Општина. Тогаш беше соопштено дека

 шест основни училишта во Аеродром до почетокот на новата учебна година (2013)  ќе имаат целосно реконструирани спортски сали, за што општината од буџетот обезбеди околу 30 милиони денари.

При проверката на ова ветување „Вистиномер“ се обрати  во  Општина Аеродром, од каде што  ни рекоа дека  реконструкцијата на  салите во училиштата во Аеродром е направена пред стартот на учебната 2013 година.

Информација за тоа дека се реконструирани фискултурните сали во основните училишта во Аеродром, вклучувајќи го и ОУ „Љубен Лапе“  на 26 август 2013 е објавена во општинскиот весник (стр.7) и на веб – страницата на Општина Аеродром. Во написот е пренесена изјава на Коневски во која вели:

Со оваа крупна инвестиција основните училишта целосно се модернизираа, а учениците добија соодветни услови за спортување на местата каде што го челичат своето здравје…

Во рамки на проектот за реконструкција на спортските сали беа опфатени и соблекувалните, како и просториите за реквизити. Исто така, беа реконструирани покривите на спортските сали во некои училишта, се промени внатрешната столарија, се реновираа санитарните јазли, се поставија заштитни решетки на прозорците и вратите во спортските сали, се заменија подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Се мoлерисаа ѕидовите и плафоните, а се реконструираше и водоводната, канализациската и електрична инсталација и се постави инсталација за греење и проветрување на салите. Средствата од речиси 30 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром (Коневски)

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Коневски за: „ Реконструкција на спортската сала во ОУ „Љубен Лапе“, е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција