Изјава што Николовски не ја дал – ,,накалемена” во наслов

 

Пишува Ване Трајков

Во написот ,, Љупчо Николовски: После 15 ти кога ќе изгубиме ќе станам тезгар како мојот шеф Зоран Заев’’ се врши обид за дискредитација на личност која е дирекнто вклучена во парламентарните избори.  Без ниту еден извор, изјава или  став, авторот на текстот  користи само фотографии  и констатации  а со дадениот наслов се добива впечаток дека станува збор за лично дадена изјава од екс министерот  Николовски и кандидат за пратеник.  Иако во текстот тврди дека станува збор за ,,парадоија во британски стил’’  сепак  новинарот не смее да дава погрешна слика кај читателите и да ги извртува фактите. Прашање е колкав дел од читателите воопшто ќе дојдат до делот каде се објаснува ,,дека станува збор за пародија”.

Имено станува збор за Фејсбук статус на екс министерот Љупчо Николовски кој патем е и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 од коалицијата ,,Можеме’’. Во рамките на предизборната кампања тој бил во посета и остварил средби со граѓаните на општина Чешиново –Облешево каде ја презентирал изборната програма, но никаде не споменува таква изјава како што е прикажана во текстот кој е предмет на рецензија.

,, Ме радуваат оптимизмот и вербата на граѓаните во Чешиново Облешево. Бев на пазарот, сретнав трговци, купувачи, ненамерни минувачи. Велат треба уште да се работи, ни треба подобар стандард, но далеку е подобро од тоа што беше пред три години. Не може ни да се спореди ’’ напиша Николовски на Фејсбук каде постирал и повеќе фотографии

Со вака објавениот текст полн со непоткрепени констатации, направен е обид да се постави погрешна слика за предизборните активности на кандидат за пратеник, што е спротивно од Кодексот на новинари. Не само што не е објавена точна  и проверена информација, туку не е негувана културата на говорот, ниту пак етиката, еден од постулатите на новинарскиот кодекс.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција