Избор текстови на Теофил Блажевски во 2016 година

Теофил Блажевски. Фото: лична колекција. Фотомонтажа: funphotobox.com

 

 

И да има Влада до сериозни реформи само преку нови избори (28.12.2016)

Ако влада формира ВМРО-ДПМНЕ не треба ниту да се очекува некој реформски напор плус, имaјќи го предвид досегашното нивно однесување. Ако СДСМ формира влада, откако ВМРО ДПМНЕ не би успеал во тоа, јавноста може да биде сигурна на влада со „ограничен суверенитет“, зашто за спроведување на клучни реформи, како што се судството или контрола на комуникациите, треба двотретински мнозинство. Оттука, нови избори со ново стабилно мнозинство се нужност

 

Контраспин: Ноќ на опасен говор на омраза (16.12.2016)

Од тапани до воени барабани, границата е тенка. Крајно време е да се престане со ваквата реторика, а еден од начините е државниот јавен обвинител да предупреди со тоа што ќе почне да повикува на распит луѓе што говорат со омраза

 

Кој се крие, а кој бара лидерски ТВ дуели во самостојна Република Македонија (1990-2016) (07.12.2016)

Прв македонски политичар кој одби ТВ дебата беше Киро Глигоров на претседателките избори во 1994 година со изјавата дека „полтиката за него не е театар“. Никола Груевски, премиерот со најдолг стаж во историјата на Република Македонија, јавноста не ја есапи за достојна за да ѝ се претстави на телевизија

 

Контраспин: Трајко Вељановски со лицемерна дефиниција за тоа што е национален интерес (24.11.2016)

Точно е, како што вели Вељановски, дека ќе се избира помеѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата. Само уште да дефинира точно, што се највисоки национални интереси, а што е лицемерие кое се затскрива зад нив

 

Контраспин: Караџовски ја убедува јавноста дека ниту слуша, ниту гледа (17.11.2016)

Постојат бројни аргументи во прилог на фактот дека судството во Македонија страда (и) од исполитизираност, и затоа неумесно е од страна на претседателот на Судскиот Совет, Зоран Караџовски, да ја прави јавноста во Македонија, де факто, слепа и глува, ем без мозок за размислување и да го тврди обратното

 

Контраспин: Груевски исполни и она што не вети – станавме неслободна земја (11.11.2016)

Дадениот збор на Никола Груевски и ВМРО–ДПМНЕ имаат тежина зашто делумно исполнуваат тоа што ветиле. Но, најголемата тежина произлегува од тоа што исполнуваат целосно тоа што не го ветиле. На пример, назадување во демократија и основни човекови права и слободи, зголемување на јавен долг и шминкерска борба против корупција, промена на физички опис на градовите до непрепознатливост, итн

 

Контраспин: Спасов самиот се скрши со приказни за мали деца (03.11.2016)

После 5 дена од настанот кој предизвика широк интерес на јавноста, бидејќи станува збор за сомневања за злоупотреба на државен имот и пари, како и за неодговорно однесување на висок функционер на државната администрација и на партијата на власт, заменикот министер Диме Спасов даде кратко интервју, со кое не само што ги поткрепи сомневањата, туку и се обиде да го исползува настанот за политичка кампања.

 

Ванхојте: Рокот од 18 месеци во Законот за СЈО го договорија Груевски и Заев без преговори (27.10.2016)

Вистиномер во соработка со агенцијата МЕТА, дојде до некои одговори околу досега непознатите детали за Законот за СЈО, за некои одредби кои се сметаат за реална опструкција во работата на Обвинителството. Според сведочењето на Питер Ванхојте, белгискиот посредник кој инситираше политичките лидери да си го почитуваат зборот – Законот во првична верзија бил без рокови, а денешниот рок го договориле Груевски и Заев, практично без преговори и покрај неговото предупредување дека рокот е прекраток

 

Kој десет години прави партиски чистки и јаде „живи луѓе“! (26.10.2016)

Не еднаш, туку повеќе пати челните луѓе во СДСМ изјавиле и потпишале документи и платформи дека нема да примаат и отпуштаат вработени во државната и јавната администрација по партиска линија.

 

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ ја генерираше кризата, СДСМ беше „свиркачот“ (17.10.2016)

Во делот од говорот на лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, за политичката криза, беа грубо извртени фактите во две генерални насоки – дека СДСМ ја предизвикал кризата и дека крајните намери биле редефинирање на државата. Фактите говорат спротивно, а Груевски спинуваше

 

Сè што беше договорено ВМРО ДПМНЕ опструираше, вклучително и СЈО (04.10.2016)

Многупати од повеќе новинари, политичари, невладни организации, меѓународни организации, странски дипломатски претставници,  е утврдено дека ВМРО ДПМНЕ во најголем дел од обврските од Договорот во Пржино правеше опструкции. Тоа беше главна причина што на двапати дојде до одложување на изборите со оценка од сите (освен од ВМРО ДПМНЕ), дека не се исполнети условите за одржување на избори

 

КОНТРАСПИН: Системската опструкција врз СЈО за Димовски била неспособност на Јанева!? (26.09.2016)

По јасно укажување на Јанева, дека постојат голем број опструкции од страна на институции и органи во државата во однос на нејзината работа, притоа и конкретно наведувајќи четири примери, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и шеф на пратеничката група на партијата, Илија Димовски, изјави дека тоа било признание оти „предметите се празни“ и дека станува збор за неспособност на Јанева и на СЈО. Ваквото грубо извртување на фактите не е ништо друго туку очигледен спин

 

ВМРО ДПМНЕ vs. СЈО: Против факти со говор на омраза (16.09.2016)

Ова соопштение/изјава, кое е невистина во однос на фактите, освен тоа има уште една карактеристика, а тоа се елементи на маскиран говор на омраза, наведен токму до двата пасуса што ги цитираме. Дека може да се оцени така, говорат неколкуте документи во кои се содржани дефиниции и доктринарни ставови, а кои поаѓаат од Европската конвенција за човекови права, особено член 10, потоа од препораките на Советот на министри на Советот на Европа и од судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој во својата пракса има доста пресуди за дела во кои станувало збор за говор на омраза

 

Има место за страв – не знаеме како се градело последните 20 години (13.09.2016)

Како што напоменуваат стручните лица, вклучувајќи го и Гаревски и Марковски, делови од тој закон и прописите или правилниците како подзаконски прописи во врска со сеизмичноста, исчезнале некаде кон крајот на осумдесетите, а Република Македонија со до 2005 година нема напишано нов, прилагоден на новите услови Закон за градба. Првиот документ е донесен во 2005 година.

 

Контраспин: „На барање на граѓаните“ се покажува „царштината“ на Груевски (02.09.2016)

Реферирањето, информирањето, анализирањето, пренамена на средства и други одлуки што ги наметнува Груевски како лидер на партија со своите министри и други функционери, а по „барањето на граѓаните од терен“ е противуставно и противзаконско мешање на партија со држва. Тоа само ја покажува „царштината“ што ја негува Груевски како метод на владеење со државата

 

СЈО е државен орган, а не алатка на опозицијата! (18.08.2016)

Станува збор за содржински многу слично и неколкукратно повторено тврдење, не само од Јанкуловска, туку и од  ВМРО ДПМНЕ, од повеќе нејзини високи функционери, вклучувајќи го и претседателот Никола Груевски, а кои се поткрепени и со коментари и анализи објавени во медиуми, кои голем дел од јавноста ги оценуваат како наклонети на владејачката партија

 

КОНТРАСПИН: Транспарентноста и законитоста за долгот не може да бидат деструкција (15.07.2016)

Не може инсистирање на начелото на јавност и транспаретност, згора на тоа и законитост, да биде деструкција, односно да ја урива репутацијата на Република Македонија. Напротив, имајќи ја предвид целата политичка криза и нетранспаретноста на трошењето на јавните пари, особено на проект каков што е Скопје 2014, сега веќе и 2016, токму власта е таа што го урнисува угледот на земјата

 

Контраспин: Ако ВМРО ДПМНЕ бара казни од едно евро, што не ги сменат медиумските закони во Собранието? (08.07.2016)

Изјавата на Никола Тодоров дека владејачката партија е многу либерална по прашањето на медиумите е чисто извртување на вистината, кое Прличев во едно од своите дела (1762 Лето) го опишува како „Лицем светци, срцем в’лци“. Ова е така зашто сите досегашни постапки во текот на изминатите години, но и постапките во текот на тековнта политичка криза, покажуваат лажен и неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и правото на слободата на печатот и говорот

 

КОНТРАСПИН: „Значи не претерујте“ – власта е таа што ги купува медиумите со десетици милиони евра (06.07.2016)

Сериозни анализи покажуваат дека нема ни теориска можност странци да даваат по 10 до 15 милиони евра во строго селектирани медиуми. Од друга страна, власта, особено по пропаста на А1, постојано спинува дека тоа е така, но не кажува дека самата давала по околу 10 милиони евра годишно, само како Влада на РМ, а воопшто не ги споменуваат другите пари од јавните претпријатија, фондовите, општините… Оттука, “не претерујте“, што би рекол Латас, кој и самиот го шири овој спин, зашто власта е без конкуренција во трошењето пари во строго селектирани медиуми

 

Контраспин: Ѓорге Иванов може да држи лекции по спинување (23.06.2016)

За три месеци, Претседателот на Република Македонија четири пати ѝ се обраќа на јавноста со говори или интервју, посветени на политичката криза. Иванов, во дел од овие настапи манипулира со јавноста, при што говорејќи за околностите, често пати ја извртува вистината или спинува. Овој пат, преку извртување на вистината директно ги нападна Заев, Ахмети и СЈО

 

Контраспин: „А, у ваше време како беше?“ (13.06.2016)

Извртување на вистината со бегање од одговор на прашањата од реалноста и споредување на времињата од пред 10 и повеќе години, имаат две генерални слабости: a) времињата минати не се враќаат и тие се трајно свршени, додека идните доправ доааѓат, и затоа јавноста сака да знае се за „денес“, а не за „завчера“ б) спинот со споредби во времнска разлика од 10 години сам по себе е безвреден, зашто се споредуваат различни категории и величини или „баби и жаби“

 

Контраспин: Фарбањето нема врска со злостор врз духовноста и креативноста (01.06.2016)

Она што е духовно за Станковски, не мора да биде духовно за индивидуите што протестираат или за граѓаните кои се посматрачи и не се директно инволвирани во протестите. Она што е авторство за Станковски, за друг може да биде плагијат, она што е креативно за Станковски, за трет може да биде ужасен кич и грдо и не мора да има никаква вредност…

 

Ниту Уставен суд го вратил член 11 од Законот за помилување, ниту Собранието е единствениот „лек“ (20.05.2016)

Изјавата на Талат Џафери е невистинита и тоа по двa основa. Ниту Иванов имал право да донесе неуставна и незаконска одлука, ниту пак, единствената основа да ја повлече е со интервенција на Собранието во постоечкиот Закон за помилување. Ова го изјавија во последниот месец голем број експерти – правници, најчесто универзитетски професори кои се експерти или за кривично или за уставно право. Нивните главни аргументи се однесуваа на два момента – Иванов во одлуката за помилување/аболиција се повикува на член 11 од Законот за помилување донесен уште во 1993, кој пак беше укинат од Уставниот суд, а вториот, дека актот на помилување/аболиција, кој се однесува на толку голем број лица опфатени со една одлука, повеќе личи на амнестија, што пак е во исклучива надлежност на Собранието.

 

Има решение за одложување на изборите (16.05.2016)

Професорот по правни науки и академик Владо Камбовски е на истиот став како и претходните двајца експерти, дека одржувањето на избори е неуставно во ваква ситуација, па оттука го повикува претседателот на Собранието Трајко Велјановски да ја повлече одлуката и да го свика Собранието

 

Контраспин: Неморално е крвта на загинатите полицајци да се ползува за пресметка со СДСМ (10.05.2016)

Нема ниту малку логично поврзување на нештата да се потврди спинот од насловот и низ содржината, односно не се презентирани факти што би го поткрепиле ова тврдење. Оттука, целиот текст на Курир што подоцна вечерта во разни форми го преобјавија и дел од националните телевизии, е целосно извртување на вистината, односно спин

 

Контраспин: Не постојат „хулигани на СДСМ“ на протестите за Мартин Нешковски (06.05.2016)

По повод годишнината од протестите пред Владата на Република Македонија во 2015 година, кои од мирни прераснаа во насилни, при што дојде до судир со полицијата, вчера дел од провладините медиуми емитуваа новинарски прилози, во кои заедничка нишка беа „хулиганите на СДСМ“, што го оценуваме како спин, т.е. извртување на вистината

 

Од кој извештај читаше Трајчевски штом не виде прекршувања во известувањето? (03.05.2016)

Трајчевски за тој извештај тврди дека содржи наоди според кои не биле констатирани прекршувања пропишани со Изборниот законик и дека следените медиуми што емитуваат програма на национално ниво не ја прекршиле ниту забраната која пропишува дека „кога известуваат, не треба да биде известувањето во корист на партиите од власта“, како што вели директорот.

 

Иванов бара правен лек за неправна одлука (22.04.2016)

Станува збор за недоследна изјава на Ѓорѓи Иванов, соопштена преку неговиот Кабинет на 21.06.2016 година, на ден кога од него во дел од јавноста се очекуваше да ја повлече целата одлука за аболиција/помилување на 56 лица, донесена на 12.04.2016 година.
Оваа одлука е донесена со подолго образложение кое беше предмет на анализа на Вистиномер и кое беше оценето како, речеиси, целосно извртување на вистината, односно спин.

 

Контраспин: Говорот на Иванов за помилувањето е преполн со спинови! (13.04.2016)

Одлуката на претседателот Ѓорѓи Иванов за помилување и најава за идни такви ако оцени за потребно, наместо помирување, како што самиот вели, само долеа масло на огнот и предизвика нов вител во кризата. Внимателна анализа на говорот на претседателот, покажа дека речиси во секој пасус од говорот е можно да се најдат примери за извртување на нештата од реалноста, односно за спинување

 

Пензиите навистина растат, ама Фондот станува неодржлив (22.03.2016)

Вистина е она што го вели Ставрески, дека просечната пензија за десет годишниот период е зголемена во суми за 70 проценти, а најниската за 84 проценти. Тоа е правено на тој начин што користејќи ја законската обврска за усогласување на пензиите со процентот на инфлација, ВМРО ДПМНЕ најмалку еднаш годишно ги коригира пензииите, или линеарно, или скалесто и тоа со најмалa стапка од 5 отсто. Некогаш, пред избори, оваа корекција се случуваше и на период од помалку од една година.
Но, она што не го кажува Ставрески е дека,  Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, меѓу другото, и поради ваквата политика е во се полоша состојба.

 

Невистина: Услови за избори има, САД и ЕУ грешат (ВМРО-ДПМНЕ) (23.02.2016)

Ставот на ВМРО ДПМНЕ дека има услови за одржување на „фер и демократски избори“ не е ништо друго туку извртување на вистинитоста околу спроведувањето на сите договорени работи со политичкиот Договор од Пржино, вклучувајќи го и неговиот анекс, со преземените обврски по Извештајот на експертска група на Рајнхард Прибе, кој беше усвоен како официјален документ што го прифаќа Владата и Собранието, како и по сите оценки во последниот Извештај за напредокот на Македонија кон Европската унија, кој што, исто така, е прифатен од органите на власт во државата.

 

„Мирисот“ на омраза во говорот на Груевски е опасен за општеството (26.01.2016)

Нема достапни податоци дали на Конференцијата бил употребен и некој пример од Македонија, каде што забележуваме сè повеќе употреба на опасен говор или директен говор на омраза. Притоа, почнувајќи од една долга политика на неказнивост, иако инструменти и механизми за тоа се вградени во сите неопходни законски и подзаконски акти, опасниот говор сега веќе се наоѓа отворено и на „менито“ на највлијателните политичари во земјата, каков што беше примерот со последниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција