Изборите во Романија и Молдавија не беа наместени и под диктат на ЕУ

Фото: Колаж Канва

Наспроти неоснованото тврдење во објавата дека изборите во Молдавија и Романија биле „диктирани“ од ЕУ, фактите говорат дека ЕУ има интерес и делумно учествува (финансиски/институционално) во поддршка на демократските процеси, слободни избори, транспарентност, борба против дезинформации. Исто така, има реални притисоци и влијанија, вклучувајќи и надворешни (на пример, руски) влијанија, хибридни закани, дезинформациски кампањи, нелегално финансирање, како и внатрешни предизвици како корупција, медиумска пристрасност, недоволна доверба во институции

Наспроти неоснованото тврдење во објавата дека изборите во Молдавија и Романија биле „диктирани“ од ЕУ, фактите говорат дека ЕУ има интерес и делумно учествува (финансиски/институционално) во поддршка на демократските процеси, слободни избори, транспарентност, борба против дезинформации. Исто така, има реални притисоци и влијанија, вклучувајќи и надворешни (на пример, руски) влијанија, хибридни закани, дезинформациски кампањи, нелегално финансирање, како и внатрешни предизвици како корупција, медиумска пристрасност, недоволна доверба во институции

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

ПО НАМЕСТЕНИТЕ И ПО ДИКТАТ ИИЗБОРИ ВО РОМАНИЈА И МОЛДАВИЈА ДАЛИ ОДРЖУВАЊЕТО НА ИЗБОРИ ВО ОКУПИРАНА МАКЕДОНИЈА ИМА СМИСЛА ,КОГА ОДЕЛ НЕ ОДЕЛ ГЛАСАЛ НЕ ГЛАСАЛ ПОБЕДУВААТ ОНИЕ КОИ САКА ДА ПОБЕДИ ЕУ….НЕ ГИ РАЗБИРАМ ОНИЕ ПАРТИИ КОИ СЕ НАРЕКУВААТ ТРЕТА ОПЦИЈА ЗОШТО УЧЕСТВУВААТ НА ТИЕ ИЗБОРИ НАМЕСТО ДА ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ…ВАКА СО ОДЕЊЕ НА ГЛАСАЊЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ИМ ДАВАМЕ ЛЕГИТИМИТЕТ НА ОКУПАТОРИТЕ И НИВНИТЕ КВИСЛИНЗИ ОРГАНИЗИРАНИ ВО ПАРТИИ ПОД НИВНО РАКОВОДСТВО.

Нема јасни докази дека изборите во Романија и Молдавија биле „нaместени“ (т.е. целосно лажирани) и дека биле едноставно под диктат на Европската Унија, како што тоа го тврди објавата што ја анализираме. Но, има значајни загрижености и извештаи за странски влијанија (руско), хибридни закани, дезинформациски кампањи, нелегално финансирање…

Според ОБСЕ/ОДИХР, изборите во Молдавија биле конкурентни и понудиле јасна разлика помеѓу политичките алтернативи.

Правната рамка во голем дел од аспектите се оценува како добра, со законски и институционални услови кои го поддржуваат демократскиот процес.

Заедничката набљудувачка мисија од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАСЕ) и Европскиот парламент (ЕП) утврди дека законската рамка обезбедува солидна основа за одржување демократски избори во согласност со меѓународните стандарди. Неодамнешниот закон воведе клучни подобрувања, вклучувајќи појасни дефиниции за изборна корупција, построги казни и подобра регулација на финансирањето на кампањите. Сепак, честите измени на законот, особено непосредно пред овие избори, ја поткопаа ефективната имплементација, како и правната сигурност.

Извештаите наведуваат присуство на илегално финансирање, дезинформации, кибернапади и обиди за надворешно влијание (на пример, од Русија). Кампањските услови не биле целосно рамноправни — некои партии или кандидати се жалеле на неповолни услови.

Парламентарните избори во Молдавија покажаа високо ниво на посветеност на демократијата во услови на невидени хибридни закани што доаѓаат од Русија. Од нелегално финансирање спроведено преку сомнителни мрежи до немилосрдни кампањи за дезинформација што ја еродираат јавната доверба и дрски инциденти во сајбер безбедноста со цел да сеат хаос. Овие тактики имаа за цел да ја манипулираат демократијата и суверенитетот на Молдавија. Сепак, демократската упорност на нацијата преовлада и помогна да се обезбеди интегритетот на гласањето, изјави Паула Кардосо, специјален координатор и лидер на краткорочните набљудувачи на ОБСЕ.

За рускиот заговор пред изборите во Молдавија прочитајте во анализата на Вистиномер.

ЕС и други меѓународни набљудувачи исто така реагираа на обиди за изборна корупција, купување гласови и дезинформации.

Значи, изборите во Молдавија се признати како легитимни од повеќето меѓународни набљудувачи и нема веродостојни докази дека изборниот резултат бил фалсификуван на начин што би го променил исходот или дека тој бил спроведен под диктат од ЕУ.

И изборите во Романија се признати како легитимни од повеќето меѓународни набљудувачи, и нема докази дека изборниот резултат е фалсификуван на начин што би го променил исходот под диктат од ЕУ.

Во силно оспорениот втор круг од повторените претседателски избори во Романија, беа почитувани основните слободи на собирање и здружување. Сепак, клеветничката реторика, пристрасните медиуми и постојаното неавтентично однесување на интернет, заедно со регулаторните празнини и фрагментираните одговори од страна на институциите, ја ограничија можноста на гласачите да направат информиран избор и влијаеја врз довербата на јавноста, соопштија меѓународните набљудувачи во денешното соопштение, се наведува во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во Романија.

 

Во вториот круг од претседателските избори во Романија, зголемен број гласачи ја изразија својата волја во мирна и уредна атмосфера. Ги поздравуваме значајните напори на властите за борба против дезинформациите и злоупотребата на интернет. Сепак, овие избори ја истакнаа потребата од континуирана работа на сложената изборна рамка, во согласност со обврските на ОБСЕ и меѓународните стандарди, изјави специјалниот координатор на ПС на ОБСЕ, Луси Потучкова.

Дезинформации и шпекулации дека ЕУ се мешала во изборниот процес во Романија имаше и претходно и истите Вистиномер ги анализираше.

Имено, кон крајот на ноември 2024 година, во Романија се одржа првиот круг од претседателските избори на кои победи прорускиот кандидат Калин Георгеску. Изборите беа сè, само не демократски.

Западната демократија се води од постулатите на почитување на човековите права и слободи, а политички – се темели на демократски и фер избори без странско влијание кои ги отсликуваат желбите и аспирациите на граѓаните на државата. Токму политичкиот постулат беше нарушен на претседателските избори во Романија поради утврдено руско мешање.

Наспроти неоснованото тврдење во објавата дека изборите во Молдавија и Романија биле „диктирани“ од ЕУ, фактите говорат дека ЕУ има интерес и делумно учествува (финансиски/институционално) во поддршка на демократските процеси, слободни избори, транспарентност, борба против дезинформации. Има реални притисоци и влијанија, вклучувајќи и надворешни (на пример, руски) влијанија, како и внатрешни предизвици како корупција, медиумска пристрасност, недоволна доверба во институции.

Објавата исто така тврди и дека Македонија била окупирана, па укажува дека победникот на претстојните локални избори однапред бил познат, односно диктиран од ЕУ.

С. Македонија не е ниту поробена, ниту окупирана, туку е самостојна и независна демократска држава во која народот на избори одлучува кој ќе биде претседател, кој ќе ја води Владата и кој ќе ги води општините. Законите во државата ги носи Собранието во кое седат народни избраници. С. Македонија е кандидат за членство на Европската Унија и членка на најголемата воена алијанса – НАТО.

Поради сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција