Изборниот резултат на Камала Харис не е условен од тоа дали се барало лична карта при гласањето

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Харис ги освои Колорадо, Вирџинија, Конектикат и Делавер. Сите овие држави бараат гласачите да приложат валиден документ за идентификација, но во некои од нив не е неопходно да има фотографија.

Харис ги освои Колорадо, Вирџинија, Конектикат и Делавер. Сите овие држави бараат гласачите да приложат валиден документ за идентификација, но во некои од нив не е неопходно да има фотографија

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува кајрон од мапа на САД од американски телевизиски канал каде што пишува:

Во сите американски држави во кои Камала Харис доби повеќе гласови од Трамп, се гласаше без приложување на документ за идентификација. Коинциденција.

Наспроти изнесеното, Камала Харис победи во држави кои бараат лична карта за гласачите на изборите во 2024 година. Не е вистина дека таа победила само во држави каде немало никакви барања за лична карта на гласачите. Списокот на држави во кои победи Харис ги вклучува и оние за кои е потребна лична карта со фотографија, лична карта без фотографија, како и држави во кои се потребни други документи за да се добие избирачко право.

Кога ќе се погледне изборната мапа  на Ројтерс за изборните резултати во 2024 година, Харис освои најмалку шест држави во кои на гласачите им се бараше да приложат лични карти. Харис го освои Њу Хемпшир,и Род Ајленд. Двете држави бараат од гласачите да приложат валидна легитимација со фотографија пред да гласаат.
Харис ги освои Колорадо, Вирџинија, Конектикат, и Делавер. Сите овие држави бараат гласачите да приложат валиден документ за идентификација, но во некои од нив не е неопходно да има фотографија.
Покрај тоа што победи во овие држави, Харис победи и во држави кои не бараат од гласачите да приложат идентификација како Калифорнија и Њујорк. Дали се бара идентификација или не при гласањето, не беше никаков фактор за нејзините изборни резултати, наспроти објавата којашто ја рецензираме.
За да се докаже ова тврдење, доволно е да се каже дека Доналд Трамп победи во Пенсилванија и во Невада, кои, исто така, не бараат од гласачите да приложат идентификација во поголемиот број случаи.

Законите за идентификација на гласачите низ целата земја не се унифицирани.

Според Националната конференција на државните законодавни тела, 36 држави бараат од гласачите да покажат некаков вид идентификација на гласачките места. Останатите 14 сојузни држави и Вашингтон не бараат никаков облик на идентификација за да се гласа на гласачките места, но користат други методи за проверка на идентитетот на гласачите, како што се совпаѓање на потписите на гласачите или барање од гласачите за лични податоци. И федералниот закон бара од оние што првпат гласаат да покажат лична карта кога бараат гласачко ливче да им се достави по пошта.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Камала Харис победи и во држави каде при гласање се бараше приложување на документ за идентификација, исто како и Трамп. Изборниот резултат не е условен од тоа дали се бара или не идентификација при гласање.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција