Изборните бомби „се закануваат“ со затворски казни

Опрема за прислушување на мобилни телефонски мрежи - кутија и лаптоп. Фото: spybusters
Опрема за прислушување на мобилн и телефонски мрежи - кутија и лаптоп. Фото: spybusters
Опрема за прислушување на мобилни телефонски мрежи – кутија и лаптоп. Фото: spybusters

 

Изборните „хитови“ на екс-министерката за полиција „ВМРО-МВРО“ и “Ливче нека снема“, избија на врвот на топ листата на тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Пишува: Оливера Војновска

 

Првата одлука која деновиве ја донесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е инспирирана токму од „бомбите“на опозицијата кои се однесуваат на изборите, а кои, според СДСМ, укажуваат на изборни грабежи, злоупотреба на државните институции, фалсификат на гласањето… Поточно, кривичните дела поврзани со изборните нерегуларности се првите предмети за кои СЈО соопшти дека ќе покрене предистражна постапка.

Иако од кај специјалната обвинителка не прецизираа конкретно за кои кривични пријави станува збор, сепак, според иницијалите во досието за изборни нерегуларности, јасно се препознава на кои лица се однесуваат кривичните пријави:

предметот оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Г.Ј., М.Ј. и против НН (непознати н.з.) лица, вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Фалсификување исправа и кривично дело – Повреда на избирачкото право од член 159, став 2 од Кривичниот законик

 

„СТОРИТЕЛИТЕ ВО САМИОТ ВРВ НА ВЛАСТА“!

Според политичкиот аналитичар, професорот на Правниот факултет на ФОН Универзитетот, Мерсел Биљали, „бомбите“ на опозицијата „само го потврдија тоа што беше многу очигледно – тешките манипулации, кражбите, па и масовното фалсификување на лични документи“.
Биљали во изјава за Вистиномер вели:

6269142221_62de5a051c_m-120Тоа се тешки казниви дела за кои треба да се одговара, а сторителите се на самиот врв во власта (или доскоро биле). Се потврдија претпоставените притисоци, уцени и условувања врз гласачите, митото и поткупувањето на социјално загрозените лица за изборни цели. Тоа се дела за кои се предвидуваат тешки затворски казни и некој ќе мора за тоа да одговара.

Тој истакнува дека поради изборни цели, „државната администрација ни е претворена во партиски сервис, енормно зголемена (двојно повеќе од потребата) и во голема мера непрофесионална“.

Како таква таа веќе наликува на пирамидална администрација која го погребува општиот развој во државата. Во крајна инстанца за нарачателите и извршителите на вакви дела е потребна квалификација „злосторничко здружување против државата и нејзините граѓани, смета Биљали.

Според него, незаконски прислушуваните разговори ја исфрлија на површина тешката корупција на дел од медиумите.

Тие, исто така, сносат законска одговорност за доведување на државата до вакво дереџе и се одговорни за големото ерозирање на државата во однос на развојот, како и за газење на основните демократски принципи како и на човечкото достоинство, дециден е Биљали.

 

КАЗНИ

Адвокатот Александар Георгиев, смета дека политичките бомби укажуваат на сериозни прекршувања, видливи и за време на избирачкиот процес.

r6eYCNEr_400x400-crop-150Но, за жал тогаш не се презедоа никакви мерки за казнување на сторителите, кои треба да одговараат за сериозни кривични дела предвидени во Кривичниот законик (од член 158 до член 163 и член 165). Постојат сериозни индикации и за сторени кривични дела кои предвидуваат најмала казна од 5 години затвор, што е доволна причина овие постапки да се сфатат сериозно и да се реагира брзо. Бидејќи, очигледно дека високите казни во Законот не ги одвраќаат сторителите од повторување на делото, вели Георгиев.

Притоа, посочува дека Кривичниот законик предвидува казна затвор од најмалку 3 години за противзаконско лишување на избирачот да избира, да биде избран или да гласа.

Иста казна е предвидена и за оние кои ги присилувале избирачите да гласаат или да не гласаат, или им кажувале како да гласаат. За лицата кои гласале за друг со повеќе лични карти и го злоупотребиле избирачкото право, доколку се осудат би добиле казна од најмалку 3 години затвор. Повисоки казни од најмалку 5 години се предвидени за оние кои вршеле поткуп на избирачите, кажувајќи им за кого да гласаат, како и за службените лица, кои во вршењето на службата во врска со изборите, или гласањето манипулирале со гласачките ливчиња и пребројувањето. Казна од 5 годни затвор е предвидена и за оние кои со употреба на сила, сериозна закана, искористување на службена, работна или економска зависност и на друг начин, издејствувале од друг да каже дали гласал, или како гласал, посочува Георгиев.

 

ЧОВЕЧИЊАТА ОД ПУСТЕЦ!

Изборните нерегуларности беа тема на седмата, осмата, деветтата и единаестата политичка бомба, презентирани во март годинава.

Во седмата „бомба“ што ја објави опозицијата, наводно, се слуша „како Јанкулоска признава дека во станови од по 40 квадрати се сместени по 50 луѓе од Пустец , на кои МВР (во договор со премиерот) им има издадено лични карти“. Во еден од телефонските разговори, за кој од СДСМ велат дека е меѓу неа и Мартин Протуѓер, таа им се потсмева со луѓето од Пустец:

Гласањето во Центар е циркус „Медрано“ – лудница. Човечињава за рака се држат, гласаат и патент на уста.

Од овие аудио-снимки, се дознава и дека МВР, наводно, било претворено во изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

На работа сме си сите ние, кај нас штаб имаме. Мислам, имаме два штаба, еден штаб кај мене на спрат, кој е месен комитет на ВМРО, кол-центар, све има кај нас, а другиот ни е доле у сала кај што доаѓаат амбасадориве, ОБСЕ, овој-оној, и ја повремено таму улетувам, да видат амбасадориве дека све е океј, и после си се качувам кај мене на спрат и си работиме партиски работи…. Ние во МВР, во ВМРО-МВРО… за разлика од другиве институции не се ни устручаваме, ни ништо, му вели, наводно, Јанкулоска на Кирил Божиновски.

Осмата „бомба“, според СДСМ, открива дека главниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на локалните избори 2013 година, бил во Министерството за транспорт и врски. Снимките говорат за кражба на изборниот материјал (во Општина Центар), наводно, во организација на екс-министерот Јанакиески и на поранешниот шеф на УБК, Мијаков. Тие, според СДСМ, разговараат за тоа да го наместат Андреј Жерновски, така што поранешен член на СДСМ ќе оди озвучен  кај него и ќе му понуди пари.

Во еден од прислушуваните разговори, Јанакиески наводно, му вели на министерот за здравство, Никола Тодоров дека

ќе ги исклучат лифтовите во Центар.

Во неколку сетови телефонски разговори можеше да се слушне и за манипулации со печатење на (300) лични карти наменети за гласањето во Струмица и Ресен.

Беа објавени и снимки на кои, според СДСМ, лидерот на ДПА Мендух Тачи, му вели на Мијалков дека

ќе му биде верен до смрт!

Потоа, тој му се јавува на членот од ДПА во ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на спорните избирачки места во Струмица.

Снимките од деветта бомба наводно говорат какви злоупотреби и притисоци биле правени за да биде освоена Општината Центар. Според Андреј Жерновски (кој ги презентираше овие снимки), на премиерот Груевски и на Мијалков им било важно да победат во Општина Центар, пред сè, поради криминалите во проектот Скопје 2014.

 

СПОНЗОРСТВО ИЛИ УЦЕНА

На една од снимките (од 12,43 до 14,56 минута од видеото)  се слуша како Јанкулоска договара местење на споменици во 6 часот наутро, како и масовно да се бришат хард дискови во Општината.

Во друг разговор, премиерот Груевски, во врска со загубата на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, наводно, констатира :

Прв круг да ни беа преспанците, ќе завршевме работа! (8,38 до 8,42 минута од видеото)

Во трет сет разговори се слуша како Груевски, наводно, му вели на Јанакиески да ги пушти нивните да прават што повеќе неважечки ливчиења (10.18 до 1,35 минута од видеото) и дава насоки да се поднесуваат бројни приговори ( 11, 47 минута од видеото)

за да се купат денови да се расчистат работите во Центар.

Единаесетата бомба, според СДСМ, укажува на евентуални злоупотреби на власта за време на локалните изборите во Струмица. Овие снимки, наводно, сведочат дека владини функционери отворено говорат за рекет, казнување на фирми, фалсификување на лични карти, нарушување на изборниот процес и за влијание врз судството.

Од разговорот на Бонева и премиерот Груевски може да се слушне како таа му кажува дека нивниот сопартиец Славе Гошев рекетирал фирми во Струмица за време на изборната кампања. А премиерот ѝ објаснува што е рекет, а што спонзорство:

Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми. (Груевски)

Во разговорот меѓу поранешната министерка Јанкулоска и пратеникот Славе Гошев, тој предлага да „направат некој инцидент“ на избирачко место во Струмица (иако е завршено галсањето), за да се поништат изборите, а Јанкуловска го советува:

некое ливче нека снема.

По објавувањето на овие прислушувани разговори, СДСМ (на 20 март 2015 година) поднесе 21 кривична пријава против 17 сторители на повеќе кривични дела против изборниот процес.

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, тогаш соопшти дека кривичните пријави опфаќаат злоупотреба на службена положба, присилба, злоупотреба на лични податоци, предизвикување на општа опасност, фалсификување на исправи, незаконско посредување, повреда на избирачкото право, повреда на тајноста на гласањето и злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања. Претходно (на трети март 2015 година) опозицијата поднесе кривични пријави во кои како одговорни, меѓу другите, ги наведе пpемиерот Груевски, и поранешните министри Јанкуловска и Јанакиевски.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар