ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на жичарница

Со овој проект се овозможува воздушно поврзување на Скопје со врвот на Водно. Проектот е наменет за сите граѓани и за туристите што сакаат да се рекреираат и да уживаат во убавините на Водно. За пензионерите користењето на жичарницата во одредени денови ќе биде бесплатно! Со овој проект се овозможува еколошки, безбеден и атрактивен превоз на релацијата Скопје–Водно и истиот е поделен во два потпроекта и тоа: Средно Водно – Милениумски крст. Изградбата на оваа делница е во завршна фаза и по комплетирање на сите градежни и монтажерски работи, вршење на неопходните проверки и тестови, жичарницата ќе биде пуштена во употреба. Вредноста на овој проект изнесува околу 11 милиони евра и средствата се обезбедени од буџетот на РМ. [Рок: јуни 2011]

По пуштањето на жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст ќе се изврши анализа и ќе се оцени исплатливоста, начинот на финансирање и рокот за изградба на вториот дел од проектираната жичарница. Доколку биде анализата позитивна, ќе се пристапи кон изградба на жичарница на релација: Скопје – Средно Водно.

Образложение :

Ова ветување е исполнето. Жичарницата беше пуштена во употреба согласно рокот наведен во самото ветување.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

1 Реакција
  1. андреј :

    Ветувањето не е иполнето. Проектот е жичарницата да тргнува од Скопје што е наводно втора фаза. Изградбата на жичарницата има официјално образложение дека ќе го намали протокот на возила кон водно и на тој начин водно ќе остане чисто. Погледајте го официјалното образложение на сајтот на МТЦ. Сега никој од власта не ја спомнува втората фаза што значи дека непа ни да го завршат проектот