Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, се уште во рана фаза

До крајот на 2016 завршени само една третина од работите. Фото: Скриншот/Youtube/МТВРМ

 

Изградба на нов автопат Кичево – Охрид, 57 км, вредност 375 милиони евра (ДУИ во 2011, 2014, 2016/Рок за изградба: 2018 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Изградбата на автопатот Кичево – Охрид (57 км), покрај ВМРО-ДПМНЕ, го ветуваше и нејзиниот коалиционен партнер во власта, партијата ДУИ, веќе трет пат во последните пет години (2011-2016). Овој проект беше ветен во три изборни циклуси, и тоа за предвремените парламентарни избори во 2011 година, за парламентарните избори во 2014 година и сега, за изборите кои што се одржаа на 11 декември 2016 година. Како последен рок за завршување на сите градежни работи околу изградбата на овој автопат беше дадена 2018 година, меѓутоа, досега, ова ветување e делумно исполнето. 

Работите за изградбата на авотпатот Кичево – Охрид започнале на 22.02.2014 година.

Денеска сме сведоци на реализацијата на голем проект, односно на почетокот на изградбата на автопатот кој што ќе ги поврзе Кичево, Струга и Охрид, преку модерна патна артерија. Очекувам после 4 години, колку што ќе трае изградбата на овој автопат, како и отворањето на слободните економски зони во овој дел на земјата, да се отворат нови можности и хоризонти за економски просперитет на граѓаните на овој дел на Република Македонија“. (Извор: Aлсат-M, 22.02.2014)

Меѓутоа, работите не се одвиваа со потребниот интензитет. До 2016 година, беа завршени само 35% од планираните работитe. (Извор: Флака, 20.06.2016)

И на крај проектот беше повторно ветен во текот на последните парламентарни избори на 11 декември 2016 година.

Pjesë nga Platforma zgjedhore 2016-2020

                 Фoтo1. Извадок од Изборната платформа на ДУИ, 2016-2020 

Повторното ветување на исти проекти години по ред од страна на владеачките гарнитури не престанува. Проектот иако започна во 2014 година, никако да фати добар ритам. Според методологијата на Вистиномер, можеме да оцениме дека проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид е повторен неколку пати, и затоа ова ветување до сега го сметаме за делумно исполнето. 

ИЗВОРИ:

Оцени: Рабије Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција