Изградбата на новиот водовод во Тетово ќе заврши пред 15 декември
Гледаме дека се интензивирани работите и се очекува овој проект да се заврши, начелно, пред договорениот рок. А, договорениот рок е 15 декември (2015 година).
[Извор: Сител ( од 0,17 до 0,40 минута од видеото) Датум: 04.07.2015]
Обралозжение:
Ова ветување го даде министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири во јули оваа година (2015), при посетата на местото на изведување на градежните работи за новиот водоснабдителен систем за градот Тетово. Тогаш министерот Изаири, како и челниците на тетовската локална самоуправа, ветија дека изградбата на последните четири километри од цевководот на новиот систем за зафат на водите од шарпланинските реки (Студена Река и изворите на реката Пена) ќе заврши до крајот на септември, а реализацијата на целиот проект ќе финишира пред крајниот рок – 15 декември. [Пристапено на 26.12. 2015]
Деновиве (на 23 декември 2015) новинската агенција „Мета“ објави прилог посветен на овој проблем. Прилогот потестува на ветувањето на министерот за животна средина, Изаири, дадено на 4 јули 2015 година.
До крајот на годината ние веќе ќе ги имаме тие води што се предвидени со проект ќе бидат во мрежата на градот Тетово. (од 1,27 до 1,34 минута од видеото) [Пристапено на 26.12. 2015]
Во истиот материјал презентирана е и изјава од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи од 4 јули 2015 година, во која таа изразува надеж дека изградбата на водоводот ќе заврши во предвидениот рок.
И тоа што е стратешки важно е да се искористат овие месеци, за да се заврши проектот како што е предвиден, а со оваа динамика како што се одвиваа работите, немаме причина да се сомневаме.(од 1,35 до 1,48 минута од видеото) [Пристапено на 26.12. 2015]
Сепак, наспроти ваквите прогнози, градоначалничката Арифи во изјава дадена на 23 декември( прикажана во вториот дел од прилогот), вели дека завршувањето на новиот водоводен систем во Тетово ќе се случи наредната година ( јуни 2016)
На средината на идната година, би требало прашањето на водовод, пречистителна станица, или проблемот викан вода за Тетово, да биде ад акта, затворено прашање. (од 2,54 до 3,07 минута од видеото) [Пристапено на 26.12. 2015]
Па, иако се преземени активности за реализација на проектот, сепак, со оглед на тоа што рокот за завршување на работите е пролонгиран за шест месеци, ветувањето: „изградба на нов водовод во Тетово“ се оценува како делумно исполнето.
Линкови:
- Сител (4.07.2015) Новиот водовод во Тетово готов до половина [Пристапено на 26.12. 2015]
- Канал 5 (04.07.2015): Тетово го решава проблемот со водоснабдувањето [Пристапено на 26.12. 2015]
- Репортер (03.07.2015) Изаири: Интензивирана изградбата на новиот водовод во Тетово [Пристапено на 26.12. 2015]
- Мета 23.12.2015) Тетово: Дводецениска жед за вода [Пристапено на 26.12. 2015]
Оценето од: Владо Ѓорчев
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар