Изградбата на патот Тетово – Призрен никако да започне

Фото: Принтскрин

 

Ветување: Изградба на патот Тетово – Призрен

[Изборна програма на ДУИ за парламентарните избори 2016, датум: декември 2016 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во изборната програма на ДУИ за предвремените парламентарни избори 2016 година, во делот „Транспорт”(стр.3), е дадено ветување за изградба на патот Тетово-Призрен. Ова изборно ветување на ДУИ е неисполнето.

Патот Тетово-Призрен се најавува со години наназад од двете страни на границата, но, изградбата на патот никако да започне. Досега (28.01.2020), за овој пат се споменуват само  физибилити студии.

Имено, на 18 јануари оваа година (2020) медиумите објавија дека е направена нова физибилити студија за изградба на овој пат што би ги поврзал градовите од двете страни на Шара. Притоа, за оваа делница во должина од 60 километри се понудени три варијанти. Исен Џемаили, министер без ресор задолжен за домашни инвестиции, за оваа студија изјави:

Една од варијантите е најдолгиот тунел со шест километри и 400 метри, втора варијанта со тунел од 3 километри и третата варијанта е 1. 700 метри тунел. Сите три варијанти се разликуваат. Подолгата варијанта на тунелот подразбира дека тунелот е на 1.500 метри надморска височина и е предвиден помеѓу двете села Божовце и Вешала, втората варијанта е 3.200 метри тунел, на 1500 метри надморска височина, исто така, предвидено меѓу двете села Божовце и Вешала. Третата варијанта, во должина од 1.800 метри, е предвиден над селото Вешала, но е на 1.800 метри надморска височина. Според експертите, најдобра варијанта со ниска цена е втората, онаа за тунел долг 3.200 метри.

Сепак,  во програмата на Владата нема конкретни рокови за изградба на овој пат, или, пак, план за тендер и почеток за изградбата. Исто така, од Владата нема најави за средба со косовските власти, или некои други активности поврзани со изградбата на патот.

Во делот „Инфраструктура“- на сајтот на Владата, за овој проект се вели:

Поаѓајќи од резултатите на физибилити студијата за патот Тетово – Призрен, ќе се разгледаат економски оправдани варијанти.

Имајќи предвид дека досега (28.01.2020) воопшто не е започната изградбата на патот Тетово Призрен, а освен изработка на физибилити студија не се направени други чекори, ова ветување на ДУИ, дадено во програмата за предвремените парламентарни изборите 2016 година, го оценуваме како  неисполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција