Изграден детскиот парк кај Теферич

Детското игралиште на Теферич се протега на 70 метри квадратни Фото: Веб-страница на Општина Кисела Вода

Изградба на детски парк кај месноста Теферич.  (Рок за реализација: јули 2014 )

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 

Ново детско игралиште во Теферич е изградено во август 2015 година.  Изградба на детски парк кај месноста Теферич “градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ,  вети во Изборната програмата (2013-2017) Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода! (Комунални работи и инфраструктура – паркови, стр. 43). Така што,  ова е исполнето ветување на градоначалничката Беличанец – Алексиќ, со заберлешка дека  е реализирано една година подоцна од рокот наведен во  Изборната програма (јули 2014).

Детското игралиште беше  пуштено во употреба на 22 август 2015 година. Медиумите тогаш информираа дека игралиштето:

Се протега на околу 70 квадратни метри и е опремено со детски реквизити кои на најмладите им нудат можност за забава и релаксација.

Дечињата веќе максимално ги користат поставените реквизити – вртелешката, лизгалката, лулашките и клацкалката. Детското катче е надополнето и со урбана опрема-канти за отпадоци и клупи. За изградба на ова ново детско игралиште, општина Кисела Вода инвестираше 150 000 денари, а го изведоа  екипите на фирмата “Занаетчиска работилница – Чардак”- Скопје.

Паралелно, истата фирма, по налог на општината, работеше на реновирање на спортското игралиште во Теферич, кое се наоѓа веднаш до детското. Поставена е нова заштитна ограда, бојадисани се стативите, поставена е и нова мрежа на кошевите, по што овој спортски комплекс е подготвен и достапен за сите љубители на фудбалот и кошарката од овој дел на градот.
За обновата на ова спортско игралиште, општина Кисела Вода од својот буџет издвои 80 000 денари.

 

Истата информација  дека е изградено ново детско игралиште  кај Тефериќ може да се прочита и  на веб-страницата на Општина Кисела Вода.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција