Изграден е зелен кров на ГТЦ
Ветување: Градина на покривот на ГТЦ, нов јавен простор во центарот на градот!
[Извор: Изборна програма на Петре Шилегов (2017-2021) – „Живот во Скопје за сите“ (стр.41) , датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во кампањата за локалните избори (октомври 2017г.) градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вети градина на кровот на Градскиот трговски центар. Ова ветување на Шилегов дадено во неговата изборна програма „Живот во Скопје за сите!“ (стр.41), е исполнето.
Градскиот трговски центар во Скопје доби зелен покрив кон крајот на 2019 година. Тој беше отворен за посетители на 29 ноември 2019 г, откако Град Скопје заедно со УНДП и ГТЦ, заврши со уредување на просторот од 1.800 квадратни метри на кој се засадени над 3.600 разни видови садници. Поставени се и неколку фонтани и базени, монтажна бина, шаховско поле, кафуле, модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.
Kонечно го ставаме во употреба новиот квалитетен јавен простор на скопјани, простор којшто сум убеден дека полека ќе си го заземе своето место во таканаречените скопски приказни и дека тука ќе се раѓаат многу убави спомени за нашите сограѓани, рече Шилегов на официјалното отворање на зелениот покрив на Градскиот трговски центар,.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на Петре Шилегов- „Живот во Скопје за сите!“ стр.41 ( октомври 2017) [Проверено: 01.09.2021]
- Веб-страница на Град Скопје (29.11.2019) Град Скопје и УНДП го отворија зелениот покрив на ГТЦ [Проверено: 01.09.2021]
- Тајм.мк (29.11.2019): Отворен зелениот покрив на ГТЦ [Проверено: 01.09.2021]
- Мета (29.11.2019):Отворен Зелениот покрив на ГТЦ, мини-парк на 1.800 квадрати
[Проверено: 01.09.2021]
Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар