Изграден е зелен пазар кај „Судската палата“ во Кавадарци

Фото: Принтскрин колаж - kavadarci.gov.mk

Градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев, на почетокот од мандатот вети:

Изградба на уште еден зелен пазар кај новиот суд

  [ИЗВОРИ: Канал 77  и Курир; Датум: 17.04. 2018г. ] 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова  ветување на градоначалникот Митко Јанчев за изградба на втор алтернативен пазар во Кавадарци, е исполнето. Новиот зелен пазар кај „Судската палата“ во Кавадарци е изграден кон крајот на минатата година.

Градоначалникот Јанчев овој зелен пазар го вети неколку месеци по доаѓањето на функцијата, во април 2018 година,  говорејќи за состојбата со главниот градскиот пазар во Кавадарци, чие осовременување се најавува десет години – од 2009 година. Тогаш Јанчев, објаснувајќи дека ќе се прави сосема нов покриен градски пазар, за првпат кажа дека е планирана „изградба и на уште еден зелен пазар“

Пазарот ( главниот градски пазар, н.з.) ќе си биде едно плато со две гаражи за паркирање и тоа ќе биде за секојдневна функционална употреба на граѓаните со нормално покриен простор, како што треба да доликува,  и уште еден зелен пазар сакаме да доградиме во делот на новиот суд…Така да ќе имаме два зелени пазари, а луѓето сами ќе одлучуваат кој на кој пазар ќе одат и додека го градиме овој пазар ќе мораме да иамме соодветна локација како замена за тоа, изјави Јанчев.

Овој втор – алтернативен зелан пазар почна да се гради минатата пролет  покрај булеварот „Никола Минчев“, на просторот пред „Судската палата“, а беше готов на крајот на декември (2019). Станува збор за површина од 1.500 м2   и капацитет од 40 тезги. Како што соопшти градоначалникот Јанчев,  овој пазар ќе работи паралалено со сегашниот градски пазар, притоа додаде дека:

Кога ќе биде реконструиран стариот ќе го задржиме и овој пазар и ќе имаме два.

Информации за изградбата на новиот зелен пазар  кај „Судската палата“ во Кавадарци може да се најдат на веб-страницата на Општината, а веста е објавена и во дел од медиумите.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција