Изграден патот до манастирот „Свето Преображение” во Зрзе
ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ПАТ СЕЛО КОСТИНЦИ–СЕЛО ЗРЗЕ–МАНАСТИР „СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО“, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ
Овој пат е во должина од 7,5 километри и ширина од 3,5 метри и ќе обезбеди современ и соодветен пристап до културно-историскиот регион на селото Зрзе. Патот ќе ги поврзува населените места Костинци и Зрзе со манастирот „Св. Преображение Христово“. ( Буџет: 1.600.000 евра Рок: 2014–2015 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Пристапниот пат до манстирот „Свето Преображение” во Зрзе е целосно завршен во 2015 година. Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма „Проверено“ (2014-2018) во делот „Инфрструктура“ (стр.61).
Патот до манастирот во Зрзе почна да се гради во април 2014 година. Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во врска со овој проект тогаш соопшти:
Градежните работи на патот почнаа минатата недела (почеток на април 2014) и според договорот треда да се изгради за една година, изјави Јанакиески, додавајќи оти патот е во должина од 7,5 километри, а тоа е инвестиција од 1, 7 милиони евра.
Јанакиески, исто така, информира дека „последните 350 метри од патот до манастирот ќе бидат во коцка, ќе се ограничи пристапот на возилата и ќе биде пешачка зона за да не се наруши автентичноста на манастирксиот комплекс“
На крајот на 2014 година магазинот „Патоказ“ (бр.32) објави текст со наслов: „МАНАСТИРОТ ЗРЗЕ СЕГА ПРИСТАПЕН И СО АВТОМОБИЛ КУЛТНОТО СВЕТИЛИШТЕ ДОБИ АСФАЛТЕН ПАТ“
Манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе е второто култно светилиште во Прилепско кое за само една година по манастирот Трескавец доби асфалтен пат за прв пат во неговата вековна историја. Екипата на магазинот Патоказ беше првата која ја имаше честа по асфалт да стигне до овој манастир. Патот е со должина од 8 км и ширина од 5 метри заедно со банкините. Инвестицијата е тешка 80 милиони денари, а парите се обезбедени од Владата. Патот се очекува да придонесе за економски развој на овој крај и поголема промоција на манастирскиот туризам во Прилепско.
Асфалтот завршува на 300 метри до манастирот, до долната порта, а до манастирот ќе се гради калдрма која ќе биде пешачка зона. Бидејќи веднаш до манастирот нема простор за паркинг, овие 300 метри ќе бидат пешачка зона.
Во април 2015 година експремиерот Груевски информираше дека
… во финална фаза е изградбата на патот до манстирот Зрзе…
Во септември 2015 година во медиумите имаше информација дека патот до манастискиот комплекс е изграден.
Во март 2016 Државната информативна агенција објави репортажа од манастирот „Свето преображение“ – Зрзе во која меѓу другото, пишува дека до манастирот се стасува по асфалтен пат. Од фотографиите, пак, се гледа дека е направена и пешачка зона од калдрма.
Го нема повеќе каменестиот вековен нерамен пат до манастирското здание. Од подножјето до манастирските порти стигнува асфалтиран пат, новоизграден, близу 8 километри. И при таков пат, не е тешко да се испешачи до манастирот, од подножјето во селото Зрзе…
Низ поплочен пристап и капијата, низ манастирската порта, пред вас се конаците и црквата „Свето Преображение“…
Патот до манастирот во Зрзе се спомнува во остварените проекти во Отчетот за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” (стр.79), каде, меѓу другото, е напишано:
Изграден е пат од с. Костинци до манастирот „Св. Преображение“ во с. Зрзе во должина од 7,5 км и инвестиција од 1,6 милиони евра.
ИЗВОРИ:
- Извор: Проверено – Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ (2014-2018) (Инфраструктура стр.61) [Пристапено: 19.10.2016]
- Отчетот за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” (стр.79) [Пристапено: 19.10.2016]
- Тајм.мк (24.06.2016): Груевски го посети манастирскиот комплекс „Св. Преображение” во Зрзе [Пристапено: 19.10.2016]
- Курир (13.07.2016): ФОТО: Груевски го посети манастирскиот комплекс „Св. Преображение” во Зрзе [Пристапено: 19.10.2016]
- Вести (10.04.2014) Јанакиески:Почна изградбата на патот до Зрзе во вредност од 1,7 милиони евра [Пристапено: 19.10.2016]
- Лидер (10.04.2014) Јанакиески:Почна изградбата на патот до Зрзе во вредност од 1,7 милиони евра [Пристапено: 19.10.2016]
- Лидер (18.04.2015): Изграден е патот до Трескавец, во финална фаза е изградбата на патот до Зрзе [Пристапено: 219.10.2016]
- Вечер (03.09.2015): Зрзе стана културен и археолошки бисер на Македонија [Пристапено: 19.10.2016]
- Патоказ (09.2015): МАНАСТИРОТ ЗРЗЕ СЕГА ПРИСТАПЕН И СО АВТОМОБИЛ КУЛТНОТО СВЕТИЛИШТЕ ДОБИ АСФАЛТЕН ПАТ [Пристапено: 19.10.2016]
- МИА (08.03.2016): Зрзе- универзална димензија на човековото опстојување и верба [Пристапено: 19.10.2016]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар