Изграден е спортско-адреналинскиот парк во Карпош

Фото: Принтскрин karpos.gov.mk

Ветување: Парк во Карпош 4

Новиот парк е предвидено да се прави во Карпош 4, од заштитното зеленило покрај бунарите, покрај реката Вардар и ќе се надоврзува кај рекреативната зона за спорт (кај тениските игралишта и вештачката карпа)… Рок: 2018-2020 година

[Извор: Изборна програма на Стефан Богоев за локалните избори 2017 – „Живот во Карпош за сите“ (стр.21) , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборието на локалните избори (октомври 2017 година) градоначалникот на  Општина Карпош, Стефан Богоев, како кандидат на СДСМ за градоначалничката функција,  вети изградба на нов парк во Карпош 4, кај „Алпинистичката карпа“ долж Кејот на реката Вардар. Споменатиот проект  е дел од  изборната програма  на Богоев, „Живот во Карпош за сите!“ (стр.21)  и ова негово изборно ветување е исполнето.

Спортско – адреналинскиот парк зад карпата за планинарење во Карпош 4, кој почна да се гради во октомври минатата година,  веќе е целосно изграден и наскоро  се очекува официјално да биде пупштен во употреба. Станува збор за нова уредена зелена површина, спортско-рекреативна зона која се простира на површина од околу 10.000 м2.

Градоначалникот на Карпош,  Богоев, при неодамнешната посета на паркот (18.08.2020) кажа дека  локацијата која со години беше запуштена сега има целосно променет лик:

Кај спортско – качувачката карпа, денеска имаме и адреналински дел, игралишта за фудбал и одбојка на песок, детско игралиште, сквер, обновен скејт парк и нова урбана опрема (клупи за седење, корпи за отпадоци, локери за велосипеди и лед осветлување). Нашиот фокус е и целосно раззеленување на делот до бунарите на реката Лепенец, до мостот „Газела”, со што целосно ќе се заокружи овој потег, рече Богоев.

Градоначалникот, исто така, информираше дека се одржани и потребните обуки на лицата кои ќе бидат задолжени за адреналинскиот дел, а за таа цел претставници од Македонската спортска – качувачка федерација поминале тридневна обука, под мониоторинг на сертифицирана фирма според EN 15567 стандардот.

Заедно со Богоев увид во состојбата на  новиот парк направија заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, како и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини.  Овој адреналински парк, инаку,  е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран со средства од Владата, Општина Карпош, Делегацијата на Европска Унија и во соработа со канцеларијата на Светска банка.

Според вицепремиерката Царовска за градот Скопје, но и за Општина Карпош е значајно да има што повеќе рекреативни содржини и токму спортско адреналинскиот парк, изграден на локација која со години беше запуштена, сега нуди голем број на спортски и рекреативни содржини, за децата, младите, но и за возрасните.

Информација, фотографии и видео-материјал за изградениот адреналински парк во Карпош 4  се објавени на  веб-страницата на Општината  во повеќе медиуми.

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција