Изградени детско и спортско игралиште во Усје

Кошаркарското и детското игралиште во Стаклара Фото: Принтскрин Општина Кисела Вода

Изградба на детско и спортско игралиште во месната заедница Усје

Изградба на детско и спортско игралиште на сегашниот фудбалски терен во месната заедница Усје и Стаклара-Камник, во насока на подобрување на условите за спорт и рекреација на децата и возрасните. Проектот ќе се реа- лизира со средства од буџетот на општината Кисела Вода. (Рок за реализација: декември 2013 за спортското игралиште во Усје и јуни 2014 за детското игралиште во Стаклара-Камник.)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „Изградба на детско и спортско игралиште во месната заедница Усје“, е исполнето ветување на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ. Спортското игралиште е направено во 2013 година, а детското во 2014 година.  Двете   игралишта во месната заедница Усје,  Беличанец – Алексиќ   ги  вети  во  Изборната програма (2013-2017) Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода!“ (Спорт и млади, стр. 28), со која таа излезе на локалните избори во 2013 година.

На  08.09.2013 година медиумите информираа дека градоначалничката  на Општина Кисела Вода, свечено предаде на користење две нови детски забавни игралишта, од кои едното е во населбата Усје и е инвестиција на Општината Кисела Вода.

Детските игралишта се опремени со лулашки, лизгалки, клацкалки, мост и други детски реквизити, а поставена е и урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци за посетителите.Игралиштата се заградени, соодветно осветлени и ќе претставуваат вистинско место каде најмладите ќе можат да го поминуваат своето слободно време низ игра и забава.

Во ноември 2014 година во медиумите имаше информација дека љубителите на спортот во Општина Кислеа Вода  добија две нови игралишта. Во Усје е пуштено во употреба кошаркарско игралиште со површина од 70 метри квадратни. Како што тогаш беше соопштено, истото ја чинеше Општина Кисела Вода околу 200 000 денари.  На игралиштето во Стаклара,  освен кошаркарски терен, профункционира и детско игралиште опремено со сите детски реквизити за детска игра- лулашки, клацкалка, лизгалки. Ова игралиште се протега на површина од 143 метри квадратни и за него оваа Општина издвои околу 810 000 денари.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција