Изградени тротоари на десет улици во Горно и Долно Лисиче

Девет километри нови тротоари во Лисиче Фото: Птринтскрин , Општина Аеродром

Проект: Поставување тротоари и ново осветлување на повеќе улици во Горно и Долно Лисиче:

Опис на проектот: Ќе бидат изградени тротоари на следниве улици: Горно Лисиче: на потегот меѓу булевар Србија и Усјански Канал, на улица Тодор Чангов, ул. Ѓорги Капчев, ул. Божин Николов, ул. Горноврановска, ул. Василе Ѓуровиќ, ул. Лисиче; Долно Лисиче: ул.1 и кракот кон училиштето  (Средства: 18.000.000 денари Извор на финансирање: Општина Аеродром Рок: декември 2013 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „Поставување тротоари и ново осветлување на повеќе улици во Горно и Долно Лисиче“, е исполнето ветување на градоначалникот на Аеродром  Ивица Коневски, дадено во неговата Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Транспорт и патрна инфраструктура, стр. 55).  Тротоари за десет улици во   Долно  и  Горно Лисиче се изградени во јули 2013 година.

Изградбата на нови тротоари на 10 улици во Лисиче и новно осветлување („Тодор Чангов“, „Ѓорѓи Капчев“, „Благоја Мучето“, „Василие Ѓуровиќ“, „Божин Николов“, „Горноврановска“, „Лисец“, главната улица што се протега од „Февруарски Поход“ па сè до Усјанскиот канал и други улици во Горно Лисиче, како и Улица 1 во Долно Лисиче)  започна  на самиот почеток на мандатот на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски. На 18 април на прес-конференцијата која се одржа во Долно Лисиче, Коневски информираше  дека

Општина Аеродром со цел да се урбанизира руралниот дел, почнува со изградба на нови тротоари на 10 улици во Горно и Долно Лисиче (Коневски)

На 20 јули 2013 градоначалниците на  Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски  официјално ги пуштија тротоарите на 10 – те споменати улици во Горно Лисиче. Медиумите пренесоа  изјава на  Коневски  во која тој вели дека

 за само три месеци 10 улици во Горно Лисиче добија нови тротоари и осветлување, додавајќи дека со изградбата на новите тротоари кои ќе бидат целосно осветлени ќе им се овозможи на граѓаните да се движат побезбедно

Овој проект   се споменува и во Отчетот на Коневски за 2013 година (стр.11), каде, меѓу другото, е напишано дека:

Вкупната површина на новите тро­тоари во Горно и Долно Лисиче изнесува речиси 14 илјади квадратни метри, а дол­жината околу 9 километри. Општина Аеродром претходно ја из­ гради канализациската мрежа и ги асфал­ тира улиците во руралниот дел. Новите и осветлени тротоари им овозможија на гра­ ѓаните да се движат побезбедно.

 

ИЗВОРИ:

 

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција