Изградено е спортско игралиште во Бутел 1

Повеќенаменско игралиште во Бутел Фото: Општина Бутел

Проект: Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во неселеното место Бутел 1

(Рок: март 2014)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за изградба на  повеќенаменско спортско игралиште во  Бутел 1 е исполнето ветување на  градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, дадено во изборната програма со која излезе  за локалните избори во 2013 година: „ Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Бутел!“ (Спорт и млади, стр. 24). Станува збор за ветување кое е дел од проектот на претходната Влада (предводена од ВМРО-ДПМНЕ) за изградба на „100 повеќенаменски спортски игралишта“.

Во ноември 2013 година медиумите информираа дека  заврши изградбата на повеќенаменското спортско игралиште во Бутел 1, а таква информација е објавена и на веб-страницата на Општина Бутел.

Изградбата на новото спортско игралиште во н. Бутел 1 заврши. Станува збор за спортско-рекреативен комплекс што се наоѓа во непосредна близина на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Освен повеќенаменското спортско игралиште што се градеше во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Општина Бутел изгради и паркинг простор на површина од 1 800 м2. (Денешен).

Спортското игралиште беше официјално пуштено во употреба во февруари 2014 година . На свеченоста по тој повод присуствуваа тогашниот премиер Никола Груевски и градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски.

 Игралиштето кое денеска официјално го пуштаме во употреба е нешто што го ветивме за време на кампањата…  (Груевски)

Задоволството е најголемо кога проектот којшто ќе се реализира го користат најмладите… (Латиновски)

Медиумите информира дека игралиштето е оградено и осветлено за да може да се употребува во доцните вечерни часови и на него може да се играат фудбал, кошарка, ракомет и други спортови.  Како што беше тогаш соопштено, за неговата изградба Владата инвестирала околу седум милиони денари, а Општина Бутел непосредно до него изградила паркинг.

Повеќенаменското спортско игралиште во Бутел  се спомнува и меѓу реализираните проекти во Отчетот (2016) на ВМРО-ДПМНЕ и коалицјата „За подобра Македонија”.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција