Изградено новото ОУ„Рајко Жинзифов“ во Драчево

Новиот објект кој ги замени бараките изградени во 1964 година , е комплетна донација од НР Кина Фото: Скриншот

Ќе се изгради нов објект во ОУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, за што ќе се обезбедат 1,5 милион евра донација од Владата на Народна Репу- блика Кина.  (Рок за реализација: 2014)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

На први септември 2014 година  во населбата Драчево беше отворен новиот објект на основното училиште „Рајко Жинзифов“, изграден со средства од Владата на Народна Република Кина.  Така што, ова изборно ветување на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, дадено во Програмата „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода!“ (стр.23), со која таа настапи на  локалните избори во 2013 како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, е исполнето.

Медиумите тогаш информираа дека:

Училиштето е изградено е на 4.500 квадратни метри и има 35 училници, пет модерно опремени кабинети и библиотека. Во дворот од 16.000 квадрати ќе има фудбалско и кошаркарско игралиште, атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Проектот чинеше околу четири милиони евра, комплетна донација од НР Кина

Инаку, изградба на новиот објект на ОУ „Рајко Жинзифов“ , почна во 2012 година за време на мандатот на претходниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев. Старите бараки на училиштето беа урнати во јули 2012 година, а учениците беа распоредени во други училишта на територијата на Општината. Поради тоа што стартот на изградбата доцнеше неколку месеци, имаше протест на жителите од Драчево во организација на СДСМ.

Од Општина Кисела Вода тогаш (ноември 2012) информираа дека се започнати подготовките за изградба на ново училиште „Рајко Жинзифов“ и најавија дека училиштето треба да биде готово до 1-ви Ноември 2013 година. Но,  ваквите прогнози не се остварија, новата зграда на училиштето беше пуштена во употреба наредната година – први септември 2014 година, односно, во мандатот на актуелната градоначалничка Беличанец – Алексиќ.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција