Изгубени во преводот: Баленсијага не значи „Баал е крал“, модниот бренд нема никаква врска со сатанизмот

Заговорнички групи на социјалните мрежи кои до своите „докази“ дошле преку Гугл транслејт, го обвинија модниот бренд Balenciaga дека го велича сатанизмот. Ваквите обвинувања ги поттикна  режисерот и продуцент со претензии за политичка кариера во САД (во републиканскиот тим) Роби Старбак, кој го внел името Balenciaga во Гугл транслејт како „Baal enci aga“, и како што вели неговиот превод од латински е „Баал е крал“. Но, Баал (Баал) етимолошки потекнува од семитскиот збор за „господар“ . Правилниот латински превод за „Баал е крал“ би бил „Baal est rex“. Значи, преводот на латински, врз основа на кој името Баленсијага се поврзува со окултизмот, не е точен. Називот на брендот Баленсијага никако не е поврзано со Баал или сатанизам. Презимето Баленсијага всушност има баскиско потекло, додека модниот бренд го добил името по неговиот основач Кристобал Баленсијага

Заговорнички групи на социјалните мрежи кои до своите „докази“ дошле преку Гугл транслејт, го обвинија модниот бренд Balenciaga дека го велича сатанизмот. Ваквите обвинувања ги поттикна  режисерот и продуцент со претензии за политичка кариера во САД (во републиканскиот тим) Роби Старбак, кој го внел името Balenciaga во Гугл транслејт како „Baal enci aga“, и како што вели неговиот превод од латински е „Баал е крал“. Но, Баал (Баал) етимолошки потекнува од семитскиот збор за „господар“ . Правилниот латински превод за „Баал е крал“ би бил „Baal est rex“. Значи, преводот на латински, врз основа на кој името Баленсијага се поврзува со окултизмот, не е точен. Називот на брендот Баленсијага никако не е поврзано со Баал или сатанизам. Презимето Баленсијага всушност има баскиско потекло, додека модниот бренд го добил името по неговиот основач Кристобал Баленсијага

 

 

Пост на Фејсбук неосновано го поврзува името на модниот бренд Баленсијага со сатанизмот. Според тврдењето во објавата што ја анализираме, Balenciaga во превод значело Baal е кралот. Според толкувањата на демонологијата, пак, Баал е еден од водечките демони.

Се разбира, ваквите тврдења за модната куќа, не се вистинити.

Во светлината на неодамнешната контроверзна кампања, името на познатиот моден бренд Баленсијага – неоправдано – се поврзува со сатанизмот. Врз основа на наводното латинско значење на името „Баленсијага“, теоретичарите на заговор на социјалните мрежи тврдат дека пронашле „доказ“ за окултната позадина на брендот. Лингвистите и речниците на латинскиот јазик, пак, не ја поддржуваат тезата на новата теорија на заговор, пишува Истиномер.рс.

Контроверзноста околу модниот бренд Balenciaga и нивната проблематична кампања со деца доведе до тоа некои заговорнички групи на социјалните мрежи да обвинат дека брендот го велича сатанизмот. До своите „докази“ дошле преку Гугл транслејт.

Оваа луксузна модна куќа беше на удар на критиките од целиот свет кон крајот на ноември за две одделни кампањи, во кои беа вклучени фотографии од детски модели кои носат чанти во облик на плишани мечиња, облечени во садо-мазо облека. Чантите беа дел од колекцијата на Balenciaga за пролет 2023 година и беа претставени на модната недела во Париз, на полнолетни модели. Втората контроверзна фотографија е дел од кампањата со Адидас, на која, под чантата, има парче хартија со дел од одлуката на Врховниот суд на САД од 2008 година, со која се потврди федералниот закон кој ја криминализира дистрибуцијата, продажбата или рекламирањето на детска порнографија.

Новата конспирациска теза стана вирална на социјалните мрежи ширум светот, а „доказот“ за окултизмот се наоѓа во визуелен приказ од контроверзната кампања на Баленсијага со децата.

Имено, во левиот агол на спорниот визуелен материјал има ролна од жолта сигнална лента на која на прв поглед погрешно е напишано името на брендот — Baalensiaga, со две „А“ по Б наместо едно. Иако дуплирањето на буквите може да се припише на проѕирната лента (слично може да се забележи и во претходните кампањи со лентата и со познати личности како Ким Кардашијан), според теоретичарите на заговор, ова не е случајност. Скептиците директно го поврзаа модниот бренд Баленсијага со Баал, античкиот ханански бог на плодноста. Баал првично го означувал врховниот владетел на пеколот на древните семитски јазици. Поновата интерпретација на демонологијата вели дека Баал е еден од водечките демони чие име е директно поврзано со Баалзевул, ѓаволот во исламот и христијанството.

Објавата која го поттикна новиот бран обвинувања на модната куќа доаѓа од Роби Старбак, режисер и продуцент со претензии за политичка кариера во САД (во републиканскиот тим).

Одете на Гугл транслејт од латински на англиски. Јас сам го направив тоа. Длабочините на злото околу приказната за Баленсијага стануваат се подлабоки и помрачни на секој чекор, напиша Старбак на Инстаграм.

Тој го внел името Balenciaga во Гугл транслејт како „Baal enci aga“, што во превод значи „Баал е крал“. Тој вели дека тоа е директен превод од латински.

Истото ова тврдење е изнесено и во постот што го рецензираме, придружено со фотографија од Гугл транслејт.

Сепак, името Баал (Баал) етимолошки потекнува од семитскиот збор за „господар“ кој бил доделен на голем број семитски божества. Правилниот латински превод за „Баал е крал“ би бил „Baal est rex“. Значи, преводот на латински, врз основа на кој името Баленсијага се поврзува со окултизмот, не е точен.

Истиот резултат се добива и кога ќе ја преведеме фразата „Баал е крал“ од македонски или англиски на латински.

Дополнително, кога спорната фраза се внесува во Гугл транслејт, платформата ја препознава како Sepedi (Северен сото), кој е еден од официјалните јазици на Јужноафриканската Република, а не како латински.

Според тоа, називот на брендот Баленсијага не е поврзано со Баал или сатанизам. Презимето Баленсијага всушност има баскиско потекло, додека модниот бренд го добил името по неговиот основач Кристобал Баленсијага.

Според тоа, постот што го рецензираме, го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција